Македонија
Ти не ни знаеше каде се наоѓа општина Бутел, и’ рече градоначалникот Костовски на Арсовска
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на социјалните мрежи пишува дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска му се налутила оти тој ја објавил реконструкцијата на улицата „Радишанска“, иако лично и’ ја истакнал оваа улица како приоритет.
„Горд сум на секој проект реализиран од Градот кој јас лично ти го истакнав како приоритет, бидејќи ти не знаеше каде се наоѓа општина Бутел“, вели Костовски во објавата.
Натаму, Костовски додава и дека за време на кампањата „ја носеле Арсовска низ Радишани како мало дете во градинка за да добие гласови“, а сега добиваат од градот затворена врата за соработка.
Реконструкцијата на улицата почна денеска, а Арсовска по увидот преку соопштение порача дека работата е дел од проектот „Скопје без заборавени населби“ од нејзината изборна програма „За модерно Скопје“.
„Радишанска“ се обновува во должина од 1.100 метри, а како што беше објавено, граѓаните од овој дел на градот, ќе добијат и соодветно партерно уредување и реконструкција на последната автобуска постојка на линијата број 57.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

