Македонија
Маричиќ и Британецот, Стјуарт Пич разговараа за уставните измени и преговорите за членство во ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со Лорд Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, на која разговараа за динамиката на евроинтегративниот процес, развојот на политичките настани во Северна Македонија и за состојбите во регионот.
Соговорниците на средбата констатираа дека континуитетот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ е клучен и за стабилноста на целиот регион.
„Северна Македонија има можност брзо да напредува во процесот на преговори со ЕУ. Во овој момент од уставните измени ќе зависи не само европската иднина и позиционирањето на државата во односите со ЕУ, туку и мирот и безбедноста на целиот регион“, се дел од пораките на средбата на вицепремиерот Маричиќ со Пич, информираат од Секретаријатот за европски прашања.
Лорд Стјуарт Пич, придружуван од амбасадорот Метју Лосон, на средбата ја потврди безусловната поддршка која Северна Македонија ја има од Обединетото Кралство на европскиот пат и во спроведувањето на реформите.
Во контекст на регионалната стабилност и напредокот на Западен Балкан кон ЕУ, соговорниците разговараа и за средбата на највисоко ниво меѓу претставниците на Белград и Приштина, во Охрид, поздравувајќи го дијалогот, што според нив е од голема геостратешка важност која бара конструктивен ангажман на двете страни.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ Маричиќ на средбата посочи дека Северна Македонија има демократски капацитет, е одговорна и сериозна држава за членство во ЕУ, која и понатаму ќе биде посветена на регионалните инцијативи, како и на зачувување на мирот, стабилноста и просперитет на регионот, бидејќи како што укажал Маричиќ, „тоа е во наш интерес и во интерес на Европа“.
На средбата, на која присуствуваше и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, беше потврдена целосната подготвеност за унапредување на соработката и континуирана комуникација за надминување на предизвиците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

