Македонија
МВР со првични детали за двојното убиство: Едно лице е однесено во болница
Министерството за внатрешни работи соопшти првични информации за двојното убиство кое вечерва се случи во Старата скопска чаршија.
„На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ спроведе вонредни контроли во Кавадарци, недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница – изречени се парични казни
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во Кавадарци.
Недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница на кои им се изречени парични казни за пласирање во промет на небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица.
Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти.
Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба).
Македонија
Мицкоски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 28 Септември Меѓународниот ден на Бошњаците.
„Почитувани, дозволете ми во мое лично име и во името на Владата, да го честитам 28 Септември Меѓународниот ден на Бошњаците.
Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите врз кој може и треба да се гради напредокот. Заедно минуваме низ турбулентни времиња и предизвици, но и заедно можеме да победиме за да донесеме подобра иднина.Свесен сум за тешкиот живот, многуте наследени проблеми и за реалните потреби на луѓето и тие се заеднички за сите граѓани, но ве уверувам дека сплотени и со напорна работа, посветено можеме и ќе ја надминеме секоја пречка. Заедно да се избориме за иднина каква сите граѓани заслужуваат. Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!“, напиша тој на ФБ.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со МНР на Република Индија, Џаишанкар
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Индија, Субраманјам Џаишанкар.
Соговорниците разговараа за унапредување на билатералните односи, со посебен осврт на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Беа разгледани можностите за продлабочување на бизнис врските во повеќе сектори.
Дополнително, министрите дискутираа за важноста на мултилатералната соработка, при што ја потврдија заемната поддршка за конструктивните улоги што двете земји ги имаат на глобалната сцена.
Средбата помеѓу министрите Муцунски и Џаишанкар ги постави темелите за понатамошно зајакнување на билатералните односи и отвори нови перспективи за соработка во различни сфери од заеднички интерес.