Македонија
СДСМ: Зошто се опструираат институциите, која е улогата на ВМРО-ДПМНЕ во лажните дојави за бомби?

ВМРО-ДПМНЕ ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките за справување со дојавите за поставени бомби во училиштата и во јавни настапи повикува на непочитување на новите протоколи. Со своето крајно неодговорно однесување ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади, чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и чувство на страв кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата велат дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ наметнува низа прашања и отвора сериозен сомнеж за нивната улога и прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ ги опструира институциите? Која е улогата на ВМРО-ДПМНЕ во лажните дојави за бомби?
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да ја опструира и поткопува работата на институциите што работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настава.
Безбедноста на училиштата не смее да биде тема за политички поени. Новите протоколи, изработени од експерти, гарантираат безбедност на учениците и наставниците, како и непречено одвивање на наставниот процес, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.