Економија
Битиќи: Забрзувањето на прекуграничното движење на стоките ќе го олесни секојдневното работење на компаниите
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“, која во Скопје ги собра на едно место раководителите на царинските управи од регионот и меѓународните партнерски организации, меѓу кои и генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија.
Во обраќањето вицепремиерот Битиќи ги сподели неговите ставови во врска со тековниот „Проект за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан“, кој е составен од три компоненти и е координиран од неговиот кабинет, при што рече дека тој ќе овозможи подобрување на квалитетот и на ефективноста во обезбедувањето на услугите на своите соработници.
„Забрзувањето на прекуграничното движење на стоките е исклучително важно за да ја постигнеме нашата цел, олеснување на секојдневниот живот на нашите компании и на нашите граѓани. Преку целосна имплементација на оваа компонента ние ќе можеме да ја поедноставиме постапката за преминување на границата минимизирајќи го времето поминато на чекање на границите и значително ќе го намалиме бројот на документи потребни за обработка и администрирање на царинските услуги“, рече Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека втората компонента од проектот дополнително ќе ја подобри ефикасноста и предвидливоста на транспортот бидејќи ќе ни овозможи да изградиме и да инсталираме најсеопфатен интелигентен транспортен систем на најчесто користениот автопат во нашата земја, Коридорот 10.
„Ова е усогласено во потполност со нашата национална стратегија за интелигентни транспортни системи усвоена во 2022 година, и ќе биде целосно контролирано од Националниот центар за контрола на сообраќајот со седиште во Петровец“, рече во својот говор Битиќи.
Вицепремиерот објасни дека преку имплементација на третата компонента на проектот Владата очекува да се постигне зголемен пристап до услугите, но и зајакнување на регионалните инвестиции преку имплементација на сите неопходни ЦЕФТА-протоколи преку усогласување со сите регионални иницијативи и регулативи.
„Со ова нашите компании и нашите граѓани ќе бидат третирани еднакво со тие од целиот наш регион. Нашата земја има направено голем исчекор напред во создавањето поконкурентна деловна средина. Нашата Влада во почетокот на 2022 година заедно со дополнителното усогласување со царинскиот тарифник на ЕУ ги намали, а во некои случаи целосно ги отстрани царинските тарифи за 258 тарифни ознаки“, рече вицепремиерот Битиќи.
На крајот на своето обраќање вицепремиерот Битиќи се осврна на последниот извештај на Европската комисија за нашите царински органи, каде што Северна Македонија е оценета со добро ниво на подготовка, со постојан напредок речиси секоја година во делот на консолидација, примена и надградба на ИТ-системот.
„Беше нотирано дека нашата царинска управа дополнително го промовира концептот на овластени економски оператори (ОЕО), а особено се потенцира имплементацијата на целосна бесхартиена процедура при обработка на царинските декларации и акцизни документи“, истакна Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

