Забава
Холивудскиот маестро Џон Вилијамс ќе влезе во историјата на „Оскарите“

Од „Војна на ѕвездите“ до „Ајкула“ и „Шиндлеровата листа“, Џон Вилијамс ги напиша некои од најпрепознатливите музички теми во филмската историја.
Со вкупно 53 номинации за „Оскар“, Џон Вилијамс има повеќе номинации од кој било друг жив уметник. Само покојниот Волт Дизни може да му парира со 59 номинации.
Вилијамс заработи нова номинација со композициите за филмот на Стивен Спилберг, The Fabelmans („Фејбелменови“).
Со 91 година Вилијамс е најстарата личност номинирана за „Оскар“, а доколку ја добие својата шеста статуетка в недела (12 март), холивудскиот маестро ќе биде и најстар победник во натпреварувачка категорија.
Актуелниот рекорд го држи сценаристот Џејмс Ајвори на 89-годишна возраст.
„Изгледа нереално дека некој може да биде толку стар и да работи толку долго“, изјави Вилијамс неодамна за Ен-би-си. „Сè уште сум возбуден, дури и по 53 години“, рече тој коментирајќи ја својата последна номинација. „Многу сум задоволен и мислам дека е човечки да чувствуваш задоволство кога некој ја цени твојата работа“.
Во текот на својата извонредна кариера композиторот доби „Оскар“ за музиката за Star Wars, Fiddler on the Roof и за три филма на Стивен Спилберг, со кого е тесно поврзан – Jaws, E.T и Schindler’s List.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Сидни Свини се прошета со својот вереник среде гласините за нивната разделба

Откако се појавија гласини дека ја откажале венчавката и раскинале, Сидни Свини и нејзиниот вереник Џонатан Давино се фотографирани додека шетаат низ Лос Анџелес.
Тие биле снимени во ресторанот Беверли Глен Дели, каде наводно поминале еден час пред да продолжат со прошетката. И двајцата биле лежерно облечени и носеле очила за сонце, а со нив било и кучето од Сидни Тенк.
Овие фотографии доаѓаат откако Свини неодамна беше фотографирана без свршеничкиот прстен.
На крајот на март беше објавено дека Свини и Давино ја откажале својата венчавка поради прекумерна тензија во нивната врска.
Забава
Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.