Македонија
Изборот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д веднаш да биде поништен, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Изборот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д веднаш да биде поништен, Јавното обвинителство да отвори постапка за изборот на сомнителната компанија Ептиса како надзор“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата во соопштението додава:
„Од скандал во скандал влегуваат Артан Груби и Димитар Ковачевски со надзорот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10Д.
Најпрвен владата на Груби и Ковачевски ја тргнаа компанијата Ептиса од црната листа. Листа на компании кои добиваат негативна референца на кои тие ја ставиле, за потоа нивната одлука да ја повлечат и да и дозволат на оваа спорна компанија да учествува во тендерот за надзор и покрај негативнта референца.
Следниот скандал кој оваа криминална влада го направи е со промената на спицификациите во тек на самата тендерската постапка се со цел да може сомнителната компанија Ептиса да го добие тендерот.
Артан Груби дрско лажеше пред целата македонска јавност, дека компанијата Ептиса ја сменила сопственичката структура и сега оваа компанија е со чисто портфолио и за тоа била учесник во тендерот кој на крај и го добила со уште други 3 компании, формирајќи конзорциум.
Ептиса од 2016 година е со целосен кинески капитал и менаџмент кои е непроменет изминативе години.
Ептиса е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот менаџерски тим е составен од кинези. Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија.
Ова можеби е еден од ретките, ако не и единствен случај каде што кинеска компанија ќе врши надзор и ќе го контролира работењето на американски гигант, а со тоа и да имаат целосен увид во технологиите на американската компанија.
Но кога во прашање е криминалот на ДУИ и СДС нема никакви граници и препреки.
Артан Груби и Димитар Ковачевски треба веднаш да ја поништат постапката за избор на надзорот и да се повтори постапката за да не биде оштетена државата и граѓаните.
Јавното обвинителство не смее немо да го следи овој епски криминал на владата на СДС и ДУИ со изборот на надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10Д и веднаш да отвори постапка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

