Македонија
Најчевска: Не треба амабасади да прават црни листи, проблемите во државата може да ги решат паметни луѓе

-Не сакам бре американската амбасадорка да ми прави црни листи на корумпирани политичари. Не сакам ниту еден странски амбасадор да ги решава проблемите во мојата држава. Сакам луѓе со два грама мозок кој знаат што прават, умеат и го прават она за што се избрани и платени, – пишува професорката Мирјана Најчевска во нејзиниот Фејсбук статус.
Таа бара целосно преуредување на администрацијата на сите нивоа со соодветен кадар, како и преиспитување на вработувањата во администрацијата и на имотот на политичарите.
Според неа, на Македонија ѝ се потребни само 7 министерства и 30 општини, а се залага за распуштање на сите управни и надзорни одбори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски криминал.
Од Обвинителството велат дека освен Крмзов, приведени се уште две лица.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова лице обезбедени се уште две други лица“, соопштија кусо од обвинителството, а повеќе детали најавија за утре.
Крмзов е под истрага поради сомневања за даночно затајување и перење пари.
Македонија
АД ЕСМ: СДСМ и ДУИ ја наполнија компанијата со партиски кадри, незаконските вработувања се минато

„Актуелното раководство на АД ЕСМ, назначено на крајот на август минатата година, веднаш по назначувањето затекна сериозни предизвици во компанијата. Покрај катастрофалната финансиска и техничко-технолошка состојба во капацитетите за производство на електрична енергија, еден од најголемите проблеми беше справувањето со стотици несоодветни кадри вработени преку незаконски конкурси“, велат од АД ЕСМ.
„Само преку последниот конкурс, во пресрет на минатите парламентарни избори на 31 декември 2023 година, биле реализирани точно 699 вработувања. Станува збор за партиски и несоодветни кадри од кои повеќето, до август минатата година односно пред доаѓањето на новиот менаџерски тим – воопшто не се ни појавувале на работните места, иако редовно земале плата и им биле плаќани придонеси. Овие вработувања биле реализирани преку груба злоупотреба на систематизациите во сите подружници на АД ЕСМ, што укажува на системско непочитување на процедурите и можна злоупотреба на службената положба во претходниот период.
За да се обезбеди навремено и соодветно спроведување на работните процеси, АД ЕСМ мора да ги пополни некои од испразнетите места преку привремени вработувања на стручни кадри. Паралелно со ова, во тек се процедури за усогласување и усвојување на новите систематизации, со цел целосна оптимизација на човечките ресурси. Ова вклучува ревизија на постоечките работни места, утврдување на реалните потреби на компанијата и воспоставување транспарентни и законски процедури за вработување. До моментот на усвојување на нови систематизации по сите деловни единици на Компанијата – секое привремено вработување, ќе биде спроведено исклучиво во согласност со позитивните законски прописи.
Новото раководство е посветено на воспоставување систем заснован на професионализам, одговорност и транспарентност. Се очекува дека овие мерки ќе придонесат за стабилизирање на компанијата, подобрување на нејзината ефикасност и воспоставување здрава работна атмосфера, ослободена од политички влијанија и несоодветни вработувања.
Апелираме до политичките партии да не го злоупотребуваат АД ЕСМ за собирање дневнополитички поени, особено затоа што токму коалицијата на СДСМ и ДУИ креираше стотици партиски и нестручни вработувања чие ангажирање влијаеше на влошување на состојбите во Компанијата“, се наведува во соопштението на АД ЕСМ.
Македонија
Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство.
„Го предлагам д-р Азир Алиу за нов министер за здравство. Д-р Алиу е доктор по информатички науки, професор, човек кој со години се занимава со управување со системи, податоци и дигитални решенија. Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние сè уште трчаме од шалтер на шалтер. Време е тоа да се промени. И токму затоа веруваме дека неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем“, рече Мицкоски.
Тој рече дека Алиу ќе има силна поддршка од него како претседател на Владата.
Мицкоски, исто така, го предложи Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство.
„Г. Хоџа е млад, но сериозен човек кој знае како изгледа теренот. Верувам дека тој ќе даде силна енергија и ќе биде силна потпора на министерот и ќе придонесе кон тоа земјоделството конечно да добие системска рамка и визија за иднината“, рече Мицкоски.