Забава
(Видео) Седум статуетки за „Сè во исто време“, филмот е апсолутен победник на „Оскарите“
Научнофантастичната акција „Сè во исто време“ е апсолутен победник на годинешните „Оскари“ со седум златни статуетки, меѓу кои и онаа за најдобар филм.
Награден е во категориите најдобар филм, режија и оригинално сценарио (Даниел Кван и Даниел Шајнерт), главна актерка (Мишел Јео) и споредна женска улога (Џејми Ли Кертис), споредна машка улога (Ке Хуи Кван) и најдобра монтажа.
Церемонијата на годинешните „Оскари“ ја одбележа и големото враќање на Брендан Фрејзер, кој беше прогласен за најдобар актер.
Брендан Фрејзер е најдобар актер за улогата во филмот „Кит“.
Brendan Fraser accepts the #Oscar for Best Actor for #TheWhale. https://t.co/ndiKiHfmID pic.twitter.com/kNuDy85dpH
— Variety (@Variety) March 13, 2023
Мишел Јео е и првата актерка со азиско потекло што ја добила оваа престижна филмска награда. Ова беше и прва номинација за Јео, актерка од Малезија, која има 60 години.
„За сите момчиња и девојки што личат на мене и кои ме гледаат вечерва, ова е светилник на надеж и можност. Ова е доказ дека можете да сонувате и дека соништата навистина се остваруваат“, рече Јео за време на доделувањето на наградите додавајќи: „И, дами, никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека сте го поминале најдобриот период“.
Michelle Yeoh accepts her #Oscar for Best Actress: “For all the little boys and girls who look like me watching tonight, this is a beacon of hope and possibilities. This is proof that dreams do come true.” https://t.co/ndiKiHfmID pic.twitter.com/pQN8nHDhCx
— Variety (@Variety) March 13, 2023
За најдобар филм на годинешните „Оскари“ беа номинирани:
„Топ Ган: Маверик“
„Жените зборуваат“
„Банши на Инишерин“
„Триаголник на тагата“
„Фабелманс“
„Ништо ново на Запад“
„Аватар: Патот на водата“
„Елвис“
„Катран“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

