Македонија
Бугарските националисти го осудија Пендаровски: „Ние сме единствените во Европа што му се спротивставивме на Хитлер“
Критики за претседателот Стево Пендаровски по барањето од Софија да се извини за депортацијата на македонските Евреи упатија бугарските националисти Ангел Џамбаски и Виктор Стојанов.
Бугарскиот европратеник Џамбаски, кој во повеќе наврати демонстрирал територијални претензии и ширење говор на омраза кон македонскиот народ, со мапа на Голема Бугарија и изјави дека Македонија е Бугарија, на социјалните мрежи пишува дека Пендаровски со барањето покажал скандалозна антибугарска дрскост, а Бугарите се единствениот народ во Европа што му се спротивставил на диктаторот Адолф Хитлер.
Вели дека бугарското МНР треба да одговори и да побара итно извинување од Пендаровски.
„Пендаровски уште еднаш излажа дека властите во Софија имаат врска со депортацијата на Евреите од териториите на денешна Северна Македонија. Докажан историски факт е дека се работи за целосна и крајна лага. Истовремено, Пендаровски кажа уште една лага прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка. Докажан историски факт – во Кралството Бугарија никогаш на власт не бил ниту профашистички ниту националсоцијалистички режим“, пишува Џамбаски.
Џамбаски дури вели дека властите во Скопје се обидуваат да ја негираат, како што пишува, неоспорната историска заслуга на бугарската нација, која му се спротивставила на Хитлер и ги спасила своите Евреи.
Со коментар се огласи и Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“, кој порача дека Пендаровски ќе одговара за својот неонацизам.
„Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската Унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и набргу ќе сфати“, пишува Стојанов.
Пендаровски вчера истакна дека правда значи да се препознае и именува вистината, а таа да биде почитувана од сите.
За да има помирување, мора да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во депортацијата на македонските Евреи, рече Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

