Забава
Биографскиот филм за Мерилин Монро доби „Златна малина“ за најлош филм
„Русокоса“ беше прогласен за најлош филм на овошното антипризнание „Златна малина“ минатиот петок.
Биографскиот филм за Мерилин Монро ја освои сомнителната чест пред „Добра жалост“, „Пинокио“, „Ќерката на кралот“ и „Морбиус“ на годишното доделување „Златна малина“, која оддава признание на најлошите во светот на филмот, како и за најлошо сценарио за сценаристот и режисер Ендрју Доминик.
Психолошката драма од Ендрју Доминик со Ана де Армас во главната улога е адаптација на истоимениот роман на Џојс Керол Оутс. Заплетот на филмот е уметничка интерпретација на биографијата на Монро. Филмот е оценет како лоша психолошка драма со нагласена сексуална содржина.

Организаторите на пародичните филмски награди, кои им оддаваат почит на најлошите филмски остварувања во изминатата година, одлучија да му дадат ваква статуетка на „Русокоса“ (Blonde). Овој филм, кој беше номиниран за осум „Малини“, е оценет како мизогин и лажлив и дека бесрамно го искористува споменот на покојната Мерилин Монро.
Организаторите на т.н. антинагради одлучија да му доделат дури две вакви статуетки на Хенкс.
Хенкс дома однесе награда за најлош спореден актер и најлоша комбинација на екранот – за себе и за неговото лице од латекс – за филмот „Елвис“, при што организаторите забележаа дека холивудскиот миленик ја поминал својата кариера развивајќи ги своите актерски способности до голем успех, но дека отишол еден мост предалеку со својата верзија на полковникот Том Паркер, менаџерот на Елвис Присли, во инаку одличниот биографски филм за кралот на рокенролот.
Том исто така беше номиниран за најлош актер за улогата во „Пинокио“, но го победи ѕвездата на „Морбиус“, Џаред Лето, чија колешка Адрија Арјона се закити со наградата најлоша споредна женска улога.

Антинаградата „Златна малина“ се доделува од 1981 година за најлоша глума, сценарио, режија, филмска песна и филм на годината. Се смета за додаток на „Оскарите“ и традиционално се одржува ден пред доделувањето на наградите на Академијата за филмски уметности и науки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

