Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ со четири прашања до Спасовски, бараат да понесе одговорност
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, му постави на прес-конференција четири прашања на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, барајќи од него да понесе одговорност и да си замине од Министерството.
„Директно барам одговор од МВР: дали лицето Шукри Асани од Ласкарци со определен ЕМБГ поседува одобрение за оружје, издадено од првостепена комисија на МВР, предводена од Музафер Каришиќ? Второ, дали на име Шукри Асани со истиот ЕМБГ од првото прашање во МВР е регистриран пиштол марка ‘глок’, во калибар од 9 милиметри? Трето, дали за Шукри Асани со истиот ЕМБГ од првото прашање има полициско досие или е замешан во најмалку еден случај предизвикување општа опасност кога било употребено и огнено оружје? И, четврто, дали лицето Шукри Асани, со ист ЕМБГ од првото прашање, е дел од списокот лица за проверки од планот ‘Безбеден град?’“, праша Стоилковски.
Портпаролот рече дека конкретните точни одговори ќе значат дека МВР издава одобренија на регистрирани криминалци од листата „Безбеден град“, дека комисијата составена од Оливер Спасовски водена од Музафер Каришиќ дава одобренија на луѓе за што има законски пречки за тоа и, најважно, дека Оливер Спасовски крие, стои зад вооружувањето и ја мами јавноста за тоа.
За тоа, како што рече Стоилковски, Спасовски ќе мора да замине од Министерството и да ги даде сите други одговори по кои ќе следува одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

