Забава
Ед Ширан се зарекол дека ќе се откаже од дрогата по смртта на најдобриот пријател
Ед Ширан си ветил самиот на себе дека ќе се откаже од дрогата по смртта на својот најдобар пријател Џамал Едвардс.
Британскиот пејач (32) бил толку скршен од смртта на музичкиот продуцент Џамал во февруари 2022 година – кој почина на 31-годишна возраст по срцев удар предизвикан од кокаин и алкохол – што решил никогаш повеќе да не допре дрога.
Во интервју за магазинот „Ролинг стоун“ тој рече: „Никогаш, никогаш, никогаш повеќе нема ниту да допрам такво нешто бидејќи така умре Џамал.“
Ед откри и како почнал да зема дрога: „Се сеќавам дека бев на фестивал и си реков: ако сите мои пријатели го прават тоа, не може да биде толку лошо“.
„И понатаму тоа се претвора во навика што ја правите еднаш неделно, а потоа еднаш дневно… па двапати на ден и на крајот како без алкохолот. Едноставно, сето тоа се претвора во лоши вибрации“.
Ед, кој со својата сопруга Чери Сиборн (30) ги има ќерките Лира (2) и 10-месечниот Џупитер, откри дека престанал да пие жесток алкохол поради повикот за будење од Чери.
„Порано многу пиев. Два месеца пред да се роди Лира, Чери рече: „Ако ми пукне плодовата вода, дали навистина сакаш некој друг да ме носи во болница?“
„Да испиете неколку пива е една работа. Но, да испиете шише вотка е друга работа. Тоа беше сознание: „Влегувам во триесеттите. Порасни! Си се забавувал, со го доживеал тоа искуство. А сега биди среќен и заврши со тоа!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кафуле стана сензација со понудата да им понуди бесплатно кафе на оние кои влегуваат танцувајќи
Kафуле во Мидлборо, Масачусетс стана вистинска сензација со понудата за бесплатно кафе за клиентите кои влегуваат танцувајќи.
Видеото сега стана вирално на интернет, и предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.
Сопственикот на кафулето обајви дека планира еднаш во месецот да се држи до оваа интересна акција.
Забава
Жена од Онтарио го насмеа интернетот со изгледот на нејзината кукла: „Делува возбудено“
На „Тик-ток“ се шири вирално видео во кое Ники Калвер од Онтарио ја покажа својата божикна кукла со детали 18+, што го насмеа Интернетот.
Ники објаснила како ја купила дрвената кукла во продавница за ситни производи за само еден долар. Откако нејзиниот син почнал да си игра со неа, барабанот паднал, оставајќи мало дрвено испакнување на кое бил прикачен инструментот.
„Ова се случи пред една година и уште ме смее“, напиша таа со видеото кое собра два милиони прегледи, но и бројни коментари.
„Не знам што очекував, но не го очекував ова“, „Куклата е без тапан или само си среќен што ме гледаш?“, „Изгледа доста возбудено“, „Ова е многу среќен оревокршач”, „Не би го заменил“ и „Ова ме насмеа“ се дел од коментарите.
Инаку, тиктокерката откри дека во таква состојба ќе ја зачува куклата и можеби ќе стане интересно семејно наследство.
Забава
Кои хороскопски знаци се најпривлечени – сајт за запознавање спроведе истражување
Сајт за запознавање направи истражување за тоа кој хороскопски знак е најпривлечен за другите.
Иако можеби не се согласувате со нивните резултати, оваа апликација за запознавање претстави податоци кои покажуваат дека еден знак генерира најголем интерес за романса.
Излегува дека на врвот на листата се Рибите со нивната чувствителна и шармантна природа која привлекува повеќе од кој било друг знак.
Последното место го зазедоа Раковите, кои изгледа премногу ги кријат своите емоции и чувства, но тоа за нив е веќе стара приказна.
Листата е исклучително интересна бидејќи 5-то место го делат Шкорпијата и Девицата, а 7-то Лавот, Близнаците и Бикот.
Во прилог листата на знаци според привлечноста:
1. Риба
2. Овен
3. Водолија
4. Јарец
5. Шкорпија и Девица
6. Вага
7. Близнаци, Лав и Бик
8. Стрелец
9. Рак