Забава
Колку плаќаат њујорчаните за кирија
Многу млади луѓе сонуваат да живеат во Њујорк, градот што никогаш не спие. Сепак, познато е дека потребни се многу пари за пристоен живот во најнаселениот град во Америка.
Новинар на „Базфид“ (BuzzFeed) ги праша њујорчани колку заработуваат и каков дом може да си дозволат.
Финансиер, кој работи и како диџеј, плаќа 2.000 долари месечно за кирија во Бушвик, Бруклин, а заработува 120.000 долари годишно. Тој живее сам, но ја дели бањата со другите станари во ходникот на зградата. „Тоа е чудно, но тоа е жртва за мирот што го имам. Њујорк е место на крајности и тоа ми се допаѓа“, објасни тој.
Архитектот Арнолд плаќа 1.000 долари месечно за кирија во Вилијамсбург, Бруклин, а годишно заработува 140.000 долари. „Плаќам пониска кирија затоа што имам цимер. Многу малку сум платен како архитект, но во овој стан можам да гледам згради цели денови. Ми се допаѓа тоа“. рече тој.
Рија, економист во здравствен сектор, живее со тројца пријатели во Гринпоинт, Бруклин, и месечно за кирија издвојува 1.700 долари, а годишно заработува 100.000 долари. „Мојата работа е многу важна и ми се допаѓа и сакам да живеам со моите пријатели“, вели таа.
Џек, шеф на продавница, плаќа 1.500 долари месечна кирија во Џерси Сити, а годишно заработува 36.000 долари. „Пораснав во Бронкс, а сега патувам на Тајмс Сквер. Свирам и музика“, откри тој.

Писателката Шила живее сама во луксузен стан на Тајмс Сквер за кој месечно издвојува 1.950 долари од својата плата, која изнесува 52.000 долари годишно. „Ова е скап град, но имам договор на две години. И сè уште ја чекам мојата њујоршка романса“, рече таа.
Келнерот Вил дели студио во Бронкс со цимер и плаќа 800 долари месечно за кирија. Годишно заработува 80.000 долари. „Искрено, мојот приход не е секогаш ист бидејќи зависи од бакшишот, но се движи тука недакде. Овде е одлично“, вели тој.
Рук, аудиоинженер, не плаќа кирија бидејќи живее со родителите на Стејтен Ајленд и заработува 20.000 долари годишно. „Собите што ги гледав се 800-1.200 долари месечно. Овој град е премногу скап. Мафијата треба повторно да ги контролира улиците и да ги снижи овие цени“, рече тој.
Менаџерка на социјалните мрежи живее сама во Бруклин во гарсониера за која месечно троши 2.900 долари, а заработува 105.000 долари годишно. „Овде се вселив кога почна пандемијата, но планирам да се преселам набргу бидејќи ќе ми ја зголемат киријата“.
Професорот по англиски јазик Тим дели стан со цимер во Бруклин и месечно плаќа 1.950 долари, а годишно заработува 32.000 долари. „Полесно е кога ќе најдеш цимер. Очигледно, не заработувам многу пари, но сакам да бидам овде“, вели Тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Розова од глава до пети: Познатата русокоса прошета низ градот како Барби
Гвинет Палтроу неодамна беше фотографирана во Њујорк, каде што се појави во емисија. Актерката го привлече вниманието на јавноста, особено на модните критичари, со својот изглед.
Невообичаено, а толку убаво, можеме само да кажеме дека нè остави без зборови. Изгледаше исто како Барби.
За оваа посебна пригода, Гвинет одлучи да облече женствен комбинезон во металик розова боја кој ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура. Ова монохроматско издание го комплетираше со високи потпетици во пастелно розова боја, а додаде и ремен во малку потемна нијанса од гореспоменатата боја.
Стајлингот го комплетираше со едноставна шминка во природни тонови, а прамените од косата ги остави слободно да паѓаат. Ги поздрави љубопитните фотографи со блескава насмевка.
Забава
(Видео) Сидни Свини мами воздишки во фустан со длабоко деколте – и нема намера да престане
Сидни Свини со денови го привлекува вниманието на јавноста откако ја откри вистината за своите гради. Покрај тоа, таа често носи атрактивни комбинации кои ги истакнуваат сите нејзини атрибути и се чини дека нема намера да престане.
Сега во снежно-бел фустан и со своите модни избори многумина ги потсети на легендарната Мерилин Монро.
Актерката неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „The Housemaid“ во Лос Анџелес, а за таа пригода донесе магичен фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината завидна фигура.
Станува збор за бела креација украсена со прав крој, длабоко деколте, но и интересни детали од пердуви на рабовите.
Иако самиот фустан не е премногу комплициран, односно нема декоративни моменти, тоа не значи дека Сидни не блесна на црвениот тепих. Напротив, токму оваа едноставност придонесе нејзината вистинска убавина да излезе на виделина.
Својот стајлинг го комплетираше со шминка во природни тонови, како и впечатлив црвен кармин, и ги остави своите руси прамени слободно да паѓаат.
Забава
Најнечесните луѓе се раѓаат под овие знаци: за нив, „целта ги оправдува средствата“
Искреноста им доаѓа природно на некои луѓе, додека за други често е флексибилна и прилагодлива на ситуацијата. На која група припаѓате вие?
Иако никој не е целосно црно-бел, астролозите често истакнуваат дека одредени хороскопски знаци се посклони кон прикривање на вистината, заобиколување на правилата или прилагодување на фактите на личните интереси.
Ова не значи дека тие секогаш се нечесни, но тие често имаат потреба да ја обликуваат вистината според околностите. Еве три хороскопски знаци кои, според астролошките толкувања, во кои најчесто се раѓаат луѓе кои имаат проблем со искреноста.
Близнаци
Близнаците се мајстори на комуникацијата, но токму тука лежи нивниот проблем со искреноста. Тие често го кажуваат она што другата страна сака да го чуе, дури и ако тоа не е целосно вистина. Нивната тенденција да ги менуваат своите ставови може да остави впечаток на дволичност или манипулација со информации.
Близнаците ретко лажат од злоба, но не се странци во прилагодувањето на приказната за да избегнат непријатни ситуации или одговорност.
Риби
Рибите се знаци кои често ја избегнуваат одговорноста преку двосмислено однесување и прикривање на вистината. Наместо отворено да се соочуваат, тие имаат тенденција да манипулираат со емоциите и да играат жртва за да ги избегнат последиците од своите постапки. Нивната нечесност најчесто се рефлектира во погрешно претставување на ситуациите и префрлање на вината на другите.
Рибите често оставаат впечаток дека не се виновни, дури и кога свесно учествувале во нечесни постапки.
Лав
Лавовите не сакаат да ја изгубат контролата или да признаат грешки, поради што често посегнуваат по нечесни методи. Тие имаат тенденција да се претстават себеси во подобро светло, да земат заслуги од другите и да ги игнорираат фактите што не им одговараат. Кога се соочуваат со вистината, тие често ја минимизираат или целосно ја игнорираат.
Лавовите веруваат дека целта ги оправдува средствата, особено кога станува збор за одржување на нивниот углед или авторитет,

