Црна хроника
Полицаец вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје

Полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје.
По пријавата во полицијата веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, соопшти МВР.
Против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Полицијата го пронајде девојчето кое вчера се оддалечило од дома

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска станица Петровец кажал дека се оддалечило од својот дом.
Полициски службеници го пронашле девојчето заедно со родителот во село Илинден каде доброволно отишла кај нејзин познаник.
Црна хроника
Исчезнати две девојчиња на возраст од 10 и 15 години – се трага по нив

Две девојчиња на возраст од 10 и 15 години се исчезнати во Македонија.
Од МВР информираа дека денес во 01.22 часот, маж од селото Кадино ја пријавил за исчезната својата 15 годишна ќерка.
Вчера, пак, дедо пријавил дека ја бара исчезнатата внука, која има само 10 години. Овој случај бил пријавен во полицијата во Струмица.
Од МВР велат дека се трага по двете девојчиња.
Црна хроника
Дете играјќи фудбал удрило со топка возрасна жена, го нападнала со метална шипка

Ужасен настан бил пријавен синоќа во полицијата.
Мајка пријавила дека во двор од куќа на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот малолетен син додека играл фудбал со другарчиња, удрил со топка повозрасна жена. Таа потоа физички го нападнала со метална шипка, нанесувајќи му повреда на главата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.