Македонија
Милошоски: МНР наместо да ја рекламира Македонија надвор во светот, го рекламира Османи во Македонија
Користењето на институцијата МНР и нејзиниот углед за евтини реклами од страна на министерот Османи, преставува злоупотреба на институцијата. Она кое законски го има надлежност министерството да ја промовира државата надвор од своите граници во економска, политичка, трговска и културна област, сега МНР е претворено во институција којашто го рекламира министерот дома во рамките на државата, а најмногу во Чаир каде има добиено партиска задача да помирува фракции во неговата матична партија, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“.
Милошоски како таква евтина реклама го наведе примерот кога Османи се пофали пред медиуми со набавени тротинети, нешто што го смета за крајно несериозно и злоупотребено од министерот за сопствена кампања.
„Имам забележано несериозно однесување од министерот за надворешни работи и бев запрепастен на колку евтина ЕПП програма е сведено МНР. Тоа беше во јули 2021 година кога беа повикани медиуми пред министерството за да им биде кажано дека набавиле 5 електрични тротинети и 6 кациги. И тоа беше настан на денот со изјава на министерот и дека министерството влегува во еколошка дипломатија и дека ќе бидат користени од дипломатите за одење по други институции. Ваква несериозна евтина ЕПП програма немаат направено ни градоначалници на Охрид и Крушево кои се туристички градови и би можело да се вклопи некако една ваква кампања“, истакна Милошоски.
Милошоски посочи дека друг пример за дневни кампањи без реални резултати се најавените економски оператори кои отидоа само во 4 земји и од кои немам никаков фидбек што сработиле, колку инвеститори донеле, како и дека несериозно е што нема во најважните стратешки партнери од каде треба да се привлекуваат инвестиции.
„Министерот за надворешни работ излезе на прес-конференција сериозен максимално, спремен за фотографирање и за пред камери и кажа дека МНР започнува нова фаза во развојот и работата а тоа е промоција на економската дипломатија, воведување на економски советници со анализа и проценка која ќе ги покрие сите географски области и земји каде Македонија има интерес. На крајот се тресеше гората, а се случија 2-3 прес конференции и се испратија 4 советници, во Варшава, Минхен, Истанбул и Абу Даби. И нема никаков фидбек колку Македонија привлекла инвестиции од Полска, колку од арапскиот свет? Зошто нема такви економски советници во скандинавските земји, зошто нема во Србија, Италија, Хрватска, Бугарија, Грција, Словенија, Америка, Канада, земји од каде што претходната влада привлекла сериозен број на инвестиции и би можела ако се следи тој пример да доведеме уште неколку позначајни инвестиции“, нагласи Милошоски.
Тој потенцира дека МНР наместо да ја рекламира Македонија надвор од светот, го рекламира министерот во Македонија, а на стопански план МНР е најслабата алка, како и дека е оценето како министерство со најмала транспарентност што значи дека или нема кадар или раководството има податоци кои не сака да ги сподели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

