Свет
Трамп: Би ја завршил војната во Украина за 24 часа, но нема да кажам како
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа доколку биде реизбран за претседател на САД во 2024 година, но одби да каже како ќе го постигне тоа.
„Ако војната во Украина не се реши, би ја решил со Зеленски и Путин, тоа би биле многу лесни преговори“, изјави Трамп за „Фокс њуз“, пренесува „Њујорк пост“.
Трамп одби да каже како ќе ја заврши војната затоа што тогаш не би можел да го користи тоа во преговорите.
Поранешниот американски претседател рече дека разговорите за Украина што тој ги предлага нема да се одржат во следната година и пол, велејќи дека тоа е „долг временски период“ и дека војната во меѓувреме може да стане многу полоша.
„Ако оваа работа, војната во Украина, не се реши до претседателските избори во САД, а можно е да не се реши, можеме да завршиме во светска нуклеарна војна“, предупреди Трамп.
Првата и Втората светска војна, посочи тој, би изгледале како детска игра во споредба со таква нуклеарна војна.
Трамп претходно на својата социјална мрежа Truth Social реагираше на планот на рускиот претседател Владимир Путин за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, велејќи им на Американците да се молат, објави „Њузвик“.
„Сè што можам да ви кажам сега е: молете се!“, заклучи Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вети олеснување на прописите во САД за поседување оружје што ги воведе Бајден
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс. „Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп.
„Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.Националната асоцијација за пушки (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.