Црна хроника
Струмичанец со тврд предмет нападнал жена и се обидел да изврши обљуба врз неа

64-годишен струмичанец физички нападнал 43-годишна жена, удирајќи ја со тврд предмет по што се обидел да изврши обљуба врз неа.
Според информациите од МВР, денеска во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од с.Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на с.Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна незгода во Тетовско

Вчера во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Боговиње-село Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од село Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од село Ново Село, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.И.М, сопатничка во возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Ф.Р. и останатите сопатнички од возилото „форд“, С.Л., М.А., М.Џ и М.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Малолетник нападнат во парк во Кисела Вода

Вчера во СВР Скопје, 37-годишната Ф.И. од Скопје пријавила дека околу 19.50 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице, кое, исто така, било во паркот со неговото дете.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода во општина Липково повредени мотоциклистот и неговиот сопатник

На 16.06.2025 околу 20.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат село Виштица-село Никуштак и пат за село Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од село Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.М.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.