Свет
(Видео) Најмалку 11 лица загинаа во стампедо на делење бесплатно брашно во Пакистан

Најмалку 11 лица загинаа денеска во стампедо во центар за дистрибуција на храна во јужниот пристанишен град Карачи, соопштија пакистанските власти.
Стампедото се случило кога стотици луѓе во паника почнале да се туркаат додека пред центарот се делело бесплатно брашно, пренесува АП.
Некои од нив паднале во блискиот одвод, изјави претставник на локалната полиција Мугис Хашми.
A truck carrying flour looted in Peshawar, Pakistan as the country faces it’s worst economic and political crisis since formation and is on the verge of debt default.
Catastrophic flooding, exploding inflation, energy shortages and food shortages …
— Wall Street Silver (@WallStreetSilv) March 28, 2023
Тоа е најсмртоносното стампедо на местата за дистрибуција на храна од почетокот на Рамазан, исламскиот свет месец на постот.
Со последниот инцидент, бројот на загинати во стампедата во центрите за бесплатна храна низ земјата се искачи на најмалку 19 од минатата недела, според „АП“.
Пакистанската влада, која е без пари, воведе систем на бесплатна дистрибуција на брашно за сиромашните, првенствено во провинцијата Пенџаб, за да се справи со зголемената инфлација, а во последните денови се зголеми гужвата во дистрибутивните центри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.