Регион
Нови тензии со Приштина најавуваат српските медиуми по најавата на Горан Ракиќ дека ќе се случи народно востание во Косово
Најавата на лидерот на Српската листа дека ќе ги покани граѓаните од северот на Косово на општо востание може да биде вовед во нови барикади, велат соговорниците на „Нова.рс“. Овој пат трајно, со цел да се спречи работата на приштинските институции во овој дел на Косово.
По неколкуте случаи на палење автомобили на северот на Косово по што косовската полиција најави апсење на Србинот М. Б., кој се бараше поради сомнение дека е вмешан во повеќе криминални дејства, Српската листа објави востание на српскиот народ.
На прашањето што може да значи ова народно востание, Милица Андриќ-Ракиќ, член на невладината организација „Нова социјална иницијатива“ од Косовска Митровица, вели дека тоа може да се нови барикади. Но, не поради изборите.
„Очекувам од сосема други причини, на пример, поради последното апсење во Зубин Поток или поради нови проблеми со регистарските таблички. Доволно е да се потсетиме што изјави Александар Вучиќ на последната средба со Србите во Рашка. Тој тогаш рече дека бара сега да се отстранат барикадите, а следниот пат ќе ги поддржи. Затоа очекувам да се постават постојани барикади, кои ќе ја спречат работата на косовските институции на север“, вели таа за „Нова.рс“.
Политичкиот аналитичар Душан Јањиќ смета дека сегашната ситуација води до нови тензии, а можеби и до конфликт.
„Најавата на Српската листа дека ќе организира национален бунт е последица на постоењето безбедносен вакуум на северот на Косово и отсуството на дијалог за враќање на Србите во косовските институции. Тоа може да биде поттик за нови демонстрации, а потоа барикади, па дури и вооружени конфликти“, изјави Јањиќ за агенцијата „Бета“.
Тој посочи и дека од ова е загрозено продолжувањето на дијалогот во Брисел.
„Разговорите за имплементација на европскиот договор закажани за 4 јули во Брисел ќе изгледаат како обид да се префрли од една во друга зграда без скала. Целиот проект за нормализирање на односите може да пропадне поради безбедносниот вакуум. Со нормализирање на односите Српската листа би била целосен политички губитник, а сега со закана од сенароден бунт поради таблите се обидуваат да го покажат своето постоење“, оцени Јањиќ.
Александар Јаблановиќ, кандидатот на Партијата на косовските Срби за градоначалник на Лепосавиќ на изборите на 23 април, смета дека повикот до Србите да се кренат е „последната фаза од лудилото на Српската листа и луѓето што ја водат“.
„Тоа би било првото востание на Србите во Косово, што го почна некој во костум од 1.500 евра од Белград, пред ТВ-камери. Србите секогаш кревале востанија по селата и ги префрлале во градовите, а сега ниту еден Србин во Косово не сака востание, туку мир и развој. Но, ако се крене востание, ги повикуваме Горан Ракиќ, Петар Петковиќ и нивните колеги од Српската листа да бидат меѓу првите што ќе се кренат со сопругите и децата, со родителите и да ги продадат имотите во Белград на вода, во Врњачка Бања, за потребите на востанието, Грција и Црна Гора“, вели Јаблановиќ и заклучува:
„Востанието мора да се плати со пари, а најправедно би било тоа да бидат парите што Горан Ракиќ и неговите другари ги украдоа од Србите во Косово и ги претворија во скапи недвижности, каде што го поминуваат својот одмор и се јавуваат за востание“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Регион
Фатална грешка направиле млади луѓе во опожарената „Вјесник“: „Не викај пожарникари, ќе дојде и полицијата“
Пожарот што го зафати облакодерот на Вјесник, Загреб, и го претвори во огнена стихија наводно е последица на невнимателно однесување на група тинејџери кои се занимаваат со таканаречен „урбекс“ – истражување напуштени објекти за објави на социјалните мрежи. Според неофицијални информации, реконструирани се настаните што му претходеле на пожарот, а во нив биле вклучени четворица малолетници и двајца 18-годишници.
Влегување во зградата низ прозорец
Групата, составена претежно од малолетници, во понеделник попладне влегла во облакодерот на Вјесник така што се протнала низ скршен прозорец од страната која гледа кон улицата Одранска. Во зградата поминале неколку часа, разгледувајќи 15 ката, напуштени канцеларии и палeјќи и гасејќи светла. Нашле фрижидер со алкохол, а за време на престојот пушеле и ги гаселе опушоците. Истовремено снимале фотографии за објави на социјалните мрежи, пишува „Индекс“.
Цел им било да стигнат до кровната тераса за да направат атрактивни снимки од градот, но на 15. кат наишле на метални плочи што не успеале да ги поместат. Тогаш еден од малолетниците го повикал 18-годишник познат по „Јутуб“ содржини од напуштени објекти.
Повикале двајца полнолетни
Повиканиот млад човек пристигнал околу 21:50 часот во придружба на уште еден 18-годишник. Ја прескокнале оградата и се искачиле до 15. кат, каде се придружиле на групата, но ни тие не успеале да ја отстранат пречката. Во меѓувреме двајца малолетници од првичната група ја напуштиле зградата и заминале дома.
Според сомнежите на истражителите, по неуспешниот обид да се искачат на кровот, еден од 18-годишниците запалил фрлена кутија со документи. Другиот наводно му помогнал така што смачкал хартија, ја запалил и ја фрлил во кутијата. Пожарот многу брзо се проширил, поради што една малолетна девојка побегнала. Еден малолетник се обидувал да ја изгаси огнот и ги убедувал постарите да ги повикаат пожарникарите.
Наводно, тие му одговориле дека заедно со пожарникарите би дошла и полицијата, па сите тројца решиле да ја напуштат зградата. Облакодерот останал во пламен, а двајцата 18-годишници од синоќа се во истражен притвор.
Регион
„Фашизмот во Европа се буди“ – Вучиќ ужаснат по настапот на Томпсон и поздравот „За дом спремни“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го отвори Меѓународниот саем на вино, храна, ракија и туризам „Винска визија Отворен Балкан“, каде што посети неколку штандови, дегустираше вина и одговараше на новинарски прашања.
На прашање дали ги поканил претставниците на Хрватска да учествуваат на саемот, Вучиќ изјави дека формално не припаѓаат на иницијативата Отворен Балкан, но дека би сакал да ги види како учесници.
„Не припаѓаат на Отворениот Балкан, но немам ништо против, би се израдувал и верувам дека ќе ги поканам,“ рече претседателот.
Коментирајќи го инцидентот во Осиек, каде што за време на концерт на Томпсон се слушнал поздравот „За дом спремни“, Вучиќ изрази загриженост.
„Ужаснат сум од буењето на фашизмот во современа Европа, но што да правите? Се надевам дека Европската унија ќе ги осуди антисрпските и антисемитските фашистички повици во срцето на Европа. Што се однесува до Србите, кај нас фашизмот никогаш немал поддршка и никогаш нема да има, тоа со гордост можам да го кажам,“ истакна Вучиќ, пренесе „Телеграф“.
Вучиќ повтори дека хрватските винари се добредојдени на „Винска визија“ и изрази надеж дека регионалната соработка во рамки на Отворен Балкан ќе придонесе за поголемо поврзување и промоција на гастрономијата и винската култура во регионот.

