Забава
Кијану Ривс: Имам само еден услов за да глумам во петтиот дел од „Џон Вик“
Кијану Ривс откри еден услов за да се појави во петтото продолжение на сагата за одмаздникот Џон Вик.
Славниот актер го глуми титуларниот лик во сите четири филмови од серијалот, а последниот филм доби многубројни пофалби од критичарите и постигна импресивни 95 проценти на „Ротен томатос“ и многу добри 8,3/10 на ИМДБ. Во првиот викенд од прикажувањето во кината заработи дури 137,5 милиони долари.
Ривс претходно изјави дека снимањето на петтиот филм зависи од тоа дали фановите сакаат друго продолжение или не, а сега откри еден услов што треба да се исполни за да се вклучи во проектот.
Во интервјуто за „Ентертејнмент викли“, Ривс рече дека ќе го разгледа проектот доколку биде вклучен режисерот Чад Стахелски.
„Не знам, претпоставувам дека ќе треба да се потпирам на изреката: никогаш не кажувај никогаш повеќе. Мислам, не би снимал петти филм без Чад Стахелски. Ќе мора да видиме како тоа изгледа. Според мене, навистина е правилно што Џон Вик најде мир“, рече тој алудирајќи на крајот на филмот во кој се гледа како Вик подлегнува на смртна рана додека животот му поминува пред очите за што многу фанови мислат дека нема да има продолжение.
Ривс исто така рече дека снимањето на уште еден филм за Џон Вик зависи многу од тоа како фановите ќе реагираат на четвртиот.
„Мора да видите како публиката ќе реагира на она што го направивме. Единствената причина поради која ги снимавме овие филмови беше затоа што на луѓето им се допадна она што го правевме. Затоа мислам дека треба да почекаме и да видиме како публиката ќе реагира“, изјави актерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Модерно враќање во 2000-тите: Хејли Бибер во гламурозен изглед за својот 29. роденден
Хејли Бибер го прослави својот 29 роденден во облека што ги потсети многу миленијалци на нивната младост: топ со светки, фармерки и сандали со ремчиња. Оваа популарна облека од почетокот на 2000-тите беше нејзин избор за роденденската забава, а моделот подоцна сподели дел од атмосферата со своите следбеници на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
Бибер објави серија фотографии од прославата на социјалните мрежи, вклучувајќи снимки од роденденски торти, фотографија од нејзиниот едногодишен син Џек и емотивна снимка на која се држи за раце со сопругот Џастин Бибер.
За таа пригода таа избра винтиџ-светкав топ DKNY, кој го комбинира со фармерки Levi’s Ribcage и сандали Manolo Blahnik Callasli со ремчиња.
„Најдобрата недела за влегување во 29-тата година“, напиша Бибер на објавата, која доби многубројни честитки и пофалби за модниот избор.
Забава
Мајли Сајрус го лажела својот поранешен сопруг повеќе од 10 години за тоа како ја изгубила невиноста
Мајли Сајрус призна дека го лажела својот поранешен сопруг Лијам Хемсворт за тоа како ја изгубила невиноста повеќе од една деценија.
Мајли го запознала Лијам како тинејџерка на снимањето на романтичниот филм „Последната песна“ од 2010 година, а нивната врска се претворила во краткотраен брак. Кога се запознале, таа имала 16, а тој 19 години. Сајрус откри пред неколку години дека нејзините први интимни средби биле со девојки, но дека не отишла до крај со маж пред 16 години – и тоа токму со Хемсворт. Плашејќи се дека ќе биде сметана за губитник, Сајрус му кажала на Хемсворт дека веќе ја изгубила невиноста со некој друг.
„Не можев да се сетам на никого, па си создадов познајник со кого никогаш не сум имала секс“, рекла таа.
Тајната останала скриена речиси 10 години сè додека една пријателка на Хемсворт не се омажила за човекот што Сајрус го опиша како нејзин прв.
„Тој рече: „Сега мојата пријателка се мажи за некого со кого беше“, па на 24 години морав да признам дека лажев кога имав 16 години“, се присети Сајрус.
Забава
Чекор пред другите: ова се најинтелигентните хороскопски знаци
Некои хороскопски знаци се издвојуваат по тоа што брзо учат, јасно размислуваат и лесно поврзуваат информации.
Овие хороскопски знаци често оставаат впечаток за надпросечна интелигенција.
Водолија
Водолиите често се издвојуваат затоа што размислуваат на начин што не им е веднаш јасен на другите. Тие комбинираат информации на неконвенционален начин, па затоа од нивните увиди произлегуваат решенија што изгледаат неочекувано, но многу логично. Токму поради овој специфичен поглед на светот, тие често оставаат впечаток дека се еден чекор пред другите.
Девица
Девиците многу брзо забележуваат детали што другите ги игнорираат, што им овозможува прецизно и брзо да ги проценат ситуациите. Тие сакаат да ги разбираат работите до срж и да собираат и анализираат факти. Кога се соочуваат со предизвик, Девиците градат решение чекор по чекор, прецизно и внимателно.
Близнаци
Близнаците се истакнуваат во брзината со која ги обработуваат информациите: каде што на другите им требаат неколку минути, тие ги поврзуваат за неколку секунди. Во разговорите, тие лесно поврзуваат различни теми и флексибилно се движат од една структура на размислување во друга. Поради оваа ментална мобилност, луѓето често ги сметаат за исклучително перцептивни.
Јарец
Јарците поседуваат специфичен вид интелигенција што се рефлектира во способноста за планирање и предвидување на долгорочни исходи. Тие не ги оставаат работите на случајноста, туку ги разгледуваат последиците и ја избираат стратегијата што носи најмногу придобивки. Во сложени ситуации, тие не губат фокус, што им овозможува полесно да смислат решенија за кои другите можеби не помислиле.

