Македонија
Стоилковски: Нивата зад мене е местото на кое пред 235 дена најавија дека ќе се гради фабрика за автомобили
И по 235 дена, нема фабрика за автомобили, само празна нива во Тетово посеана со лаги од ДУИ и СДС, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, застанат на локацијата.
„Зад мене е местото наменето за фабриката за електричен автомобил целосно произведен во Македонија за чија градба свечена церемонија се одржа на 13 август, пред точно 235 дена. Потпишаа договор за фабрика инвестиција со фирма на бизнисмен близок до ДУИ. На денот на Рамковниот. И по 235 дена, ова е резултатот. Апсолутно ништо! Фрлија лопата, направија реклама и толку. Нема ништо, празна нива посеана со лаги“, рече Стоилковски.
Побара од Ковачевски и Ахмети да одговорат каде е фабриката, каде се најавените 890 работници и автомобилите произведени во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар
Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Централниот одбор на ЛДП ќе ги разгледува настапот и резултатите на изборите
Либерално-демократската партија извести дека вечерва ќе се одржи седница на Централниот одбор.
„Како одговорна партија, ЛДП, веднаш по конечното завршување на парламентарните избори ќе го разгледува предлог извештајот за подготовките, настапот и резултатите на Либерално-демкратската партија за претседателските и за парламентарните избори 2024 година.
Анализата за натамошното дејствување ќе ја прават членовите и партиското раководство во сите општински организации во наредниот период.
За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана“, соопшти партијата.
Македонија
Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство за избор за претседател на Уставниот суд, седницата продолжува утре
Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за избор на претседател на Уставниот суд.
„Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство.
Во согласност со деловникот, постапката за избор се повторува сѐ додека не се избере претседател на Уставниот суд“, информираат од Уставниот суд.
Седницата за избор, како што е најавено, продолжува утре во 10 часот.