Забава
Брук Шилдс: Том Круз престана да ми испраќа божиќна торта
Брук Шилдс откри дека добивала божиќен подарок од Том Круз 10 години по ред, но подароците мистериозно престанале да пристигнуваат.
Имено, ѕвездата на „Топ ган“ на своите пријатели од А-листата традиционално секој Божиќ како празничен подарок им праќа луксузна торта со кокос од 126 долари. Некои од ѕвездите, кои претходните години можеа да уживаат во ова слатко задоволство, се Анџела Басет, Мајлс Телер, Кристен Дастин и Хенри Кавил.
Шилдс за магазинот „Пипл“ откри дека не му се лути на Круз, но дека би сакала да се врати на списокот.
„Бев на списокот некое време. Секоја година добивав торта со кокос“, рече таа и додаде дека подарокот престанал да доаѓа со текот на времето како што актерот сè повеќе се оддалечувал од неа.

Поранешните пријатели – Шилдс и Круз – се зближија кога актерот ја пречека ќерката Сури во истата болница каде што Шилдс го роди своето второ дете. Шилдс дури беше поканета на раскошната италијанска венчавка на Круз и неговата сега поранешна сопруга Кејти Холмс.
Нивните семејства биле толку блиски што таа и Круз организирале заедничка прослава на првиот роденден на нивните деца. За тоа време, Шилдс секој Божиќ добивала луксузен десерт, кој доаѓал со честитка од семејство.
Подарокот со текот на времето сè поретко пристигнувал на нејзината адреса додека не престанал целосно, но актерката му порача дека сака да се врати на списокот. „Тоа е најдобрата торта. Том, морам да се вратам на списокот“, му порача таа.
Според „Мирор“, Шилдс престанала да добива торта од Круз откога тој го отстранил името на ќерката Сури од божиќната честитка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

