Македонија
Џејмс Рубин доаѓа во Македонија, ќе помага во борбата против дезинформации

Специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, идната недела доаѓа во посета на Македонија за да разговара со македонските власти за борбата против дезинформациите.
Освен Македонија, Рубин од 10 до 14 април ќе ги посети и Црна Гора и Албанија. Се очекува на средбите на Рубин со властите од трите земји да се разговара и за дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Рубин беше чест гостин на Балканот како портпарол на Стејт департментот во време на војната на Косово и на НАТО-бомбардирањето на Југославија и како помошник државен секретар од 1997 до 2000 година, за време на мандатот на претседателот на САД, Бил Клинтон.
„Во Подгорица и Скопје, специјалниот пратеник Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите за борба со дезинформациите. Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други помали актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор“, соопшти американското министерство за надворешни работи.
За време на престојот во Тирана, специјалниот пратеник Рубин ќе ќе учествува на состаноци со американските амбасадори од Западен Балкан.
Ова е негова прва посета на регионот по 23 години. Џејсм Рубин беше чест гостин на Балканот како портпарол на Стејт департментот во време на војната на Косово и на НАТО-бомбардирањето на тогашна Сојузна Република Југославија и како помошник државен секретар од 1997 до 2000 година, за време на мандатот на претседателот на САД, Бил Клинтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.