Македонија
За потребите на „Бехтел и Енка”, а на штета на граѓаните, ќе се менуваат дури девет закони, реагира Левица
„Анти-народната Влада на ДУИ и СДСМ, само за потребите на новоименуваниот стратешки партнер за изградбата на Коридорите 8 и 10 Д „ Бехтел и Енка” во скретена постапка, предлагаат измена на осум клучни закони“, велат од Левица.
Тие додаваат:
Измените на овие закони воопшто не се наивни и не само што со нив се кршат низа други законски и уставни одредби, истите се на штета на граѓаните на Република Македонија.
Еден од законите кој што ќе претрпи измена е Законот за пренамена на земјоделско земјиште, каде, за потребите на „Бехтел и Енка”, се предлага пренамената на земјоделско во градежно земјиште да се врши само врз основа на еден член од законот – значи со законска одредба, без притоа да се бараат било какви дозволи или одобренија од државни органи или институции.Ова важи како за државно, така и за приватно земјиште.
Законот за експорпијација исто така ќе претрпи измени со кои меѓудругото, владението на експроприраната недвижност ќе му се предаде на инвеститорот веднаш штом одлуката за екпропријација стане конечна, без да се чека истата да стане правосилна. Со ваква законска одредба директно ќе бидат оштетени сите граѓани на кои што ќе им се одземе недвижност за изградба на коридорите и кои што, уште додека водат судски постапки за своите права, на нивниот имот веќе ќе се гради?!
Измени се предлагаат и во Законот за работни односи каде ќе се дозволи прекувремена работа од над 8 часа неделно, односно над 190 часа годишно , како и во Законот за шуми каде исто така пренамената на шумското земјиште ќе се врши по сила на закон, без барање на дозволи и одобренија од државни органи и институции.
Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер, се овозможува ослободување од данок на додадена вредност (со право на одбивка на претходен данок) и акциза на енергенти, како и ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки и данок на моторни возила („pick-up“ возила) на увозот кој е извршен од страна на стратешкиот партнер „ Бехтел и Енка “ за целите на овој проект.
За потребите на „ Бехтел и Енка “ ќе се менуваат и Законот за урбанистичко планирање, Законот за културно наследство и Законот за минерални суровини.
Со ваквото менување на закони по скретена постапка за потребите на приватно профитабилно правно лице, а на штета на граѓаните на Република Македонија, Владата на СДСМ и ДУИ уште еднаш докажа дека единствено се грижат за потребите на нивните стратешки парнери преку кои си ги полнат своите џебови крадејќи од сопствениот народ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.
Македонија
Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност на тема „Инвестирање од 5% во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. На настанот учествуваа светски лидери и претставници на Американскиот конгрес, при што се дискутираше за безбедноста и зајакнувањето на трансатлантската соработка.
Гаши кажа дека посветеноста на нашата земја кон НАТО е силна, водена од убедувањето дека ниту една нација не може сама да ја гарантира својата безбедност.

„Северна Македонија придонесува со дисциплина, стои покрај своите сојузници, ги исполнува преземените обврски и го докажува партнерството преку дела. Во време на глобална неизвесност, соработката во рамките на НАТО е поважна од кога било, особено за земји како нашата, во срцето на Балканот. Зајакнувањето на институциите, инвестициите во одбраната и заедничката интероперабилност се од суштинско значење за нашата колективна отпорност“, рече Гаши.
Тој додаде дека Македонија е лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на САД.
„Ние стоиме како лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на Соединетите Американски Држави. Како што има истакнато претседателот Џон Ф. Кенеди: „Им ветуваме лојалност на лојалните пријатели. Бидејќи обединети, има малку нешта што не можеме да ги направиме; поделени, има малку нешта што можеме да ги направиме.“ А децении подоцна, претседателот Џорџ В. Буш го потврди овој двопартиски принцип, потсетувајќи нè дека „за да го обновиме нашето единство, доволно е да се потсетиме на нашите вредности““, рече Гаши.
Во истиот дух, додаде тој, Северна Македонија ја избира одговорноста наместо двоумењето и единството наместо поделбите. „Ова е нашето ветување кон заедничките вредности, заедничката безбедност и силната Трансатлантска алијанса“, рече Гаши.
Македонија
Утре облачно време со температура до 14 степени, од недела заладување
Времето утре ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m² , а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

