Регион
Србите во Косово под засилен полициски притисок спроти Велигден и локалните избори

Косовскиот премиер Албин Курти ѝ наредил на косовската специјална полиција да го засили своето присуство на северот од Косово спроти Велигден како форма на притисок врз Србите пред локалните избори закажани во четири српски општини на 23 април, пренесува „Ало“.
Како дел од т.н. план Б, односно акцијата „Чистач“, чија главна цел, според српскиот медиум, е протерување на Србите од Косово, косовските специјални сили добиле јасно разработен план, што опфаќа покривање на сите стратешки точки на северот од Косово – мостови, магистрални патишта, ридови по административната линија, како и дел од езерото Газиводе и браната.
Со засиленото присуство на вооружени специјалци, на кои треба да им се приклучат и припадниците на КБС, Курти наводно сака кај локалните Срби да испровоцира реакција што ќе му послужи како алиби за апсење и прогон на српското население, кое одбива да гласа на локалните избори.
Според српските медиуми, т.н. план Б се состои од три фази, а првата почнала со апсењето на еден угледен српски лекар на преминот Јариње во саботата, забрана на натпреварите на српските спортски клубови и со напади на православните верски објекти, со кои Курти наводно сака да им испрати порака на Србите да внимаваат како се однесуваат.
Исто така, во саботата бил провален и ограбен конакот на црквата „Свети Јован“, која му припаѓа на метохот на манастирот „Високи Дечани“.
И Милован Дрецун, претседател на одборот за Косово и Метохија при српското Собрание, алармира дека се зголемува теророт на припадниците на приштинските специјални сили над Србите во Косово, особено над децата, пишува српски „Новости“.
Тој ја обвини Приштина за обид да изврши целосна милитаризација на северот од Косово, односно да го заземе северот не само со полициски туку и со воени сили посочувајќи дека очекуваат интензивирање на теророт пред изборите, што Приштина ги закажа на северот, и пред претстојните велигденски празници.
Според сведоштвата на локалното население, трупањето полициски сили на северот од Косово веќе почнало и дека специјалци со фантомки и вооружени до заби го пресретнуваат локалното население и ги претресуваат автомобилите и пешаците.
Според „Ало“, втората фаза од планот на Курти го опфаќа предизборниот молк, но и самиот ден на изборите, 23 април, за кога се подготвува најмасовно присуство на полицијата и на припадниците на КБС на северот од Косово.
Третата фаза, според српските медиуми, предвидува чистење на северот од Косово од српското население, но и удар врз српските институции. Од почетокот на годината во Косово се забележани дури 37 етнички мотивирани напади врз Србите, а минатата година биле забележани 128 напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Детали за пукањето во Белград: Напаѓачите дошле со комбе до кафулето и почнале да пукаат кон гостите

Репортерка на „Н1 Белград“ од Вишњичка бања, каде денеска околу 14:30 часот се случи пукање во кое пет лица беа ранети, јави дека едно комбе дошло по Сланачки пат до локалниот бар и почнало да пука по присутните.
Претходно повеќе медиуми објавија дека починала жена, но според информациите од српската полиција, петмина се повредени. „Еуроњуз“ јави дека жената била донесена во болница без знаци на живот, но спасена е со реанимација. Во моментот се наоѓа во тешка состојба.
На местото на настанот има полиција и форензичари, а полицајците ги замолиле медиумските екипи да се оддалечат бидејќи е во тек увид.
Според жителите, кафулето е познато по тоа што таму се собираат и навивачи, а во него има и простор наменет за деца.
Не е познато дали во моментот на пукањето имало деца во кафулето, но жители и очевидци изјавиле дека на автобуската станица имало голем број деца кои се уплашиле и се разбегале, и додале дека долго се чекало на пристигнувањето на итната помош.
Жителите посочиле дека последните месеци имале големи проблеми со навивачки групи, за што редовно пријавувале во полиција. Полицијата и обвинителството реагирале кога медиумите укажувале на тоа.
„За нив ова е шокантно, но не толку изненадувачко, затоа што навивачките групи одамна прават проблеми,“ јави репортерката на „Н1“.
Засега нема официјални информации за мотивот за пукањето, а српски „Телеграф“ пишува дека станува збор за пресметка меѓу навивачи.
Регион
„Се пукаше од повеќе страни, луѓето се разбегаа“: Во пукање во Белград петмина ранети

Пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања.
Според официјалните информации, повредени се тројца мажи и две жени, а пукањето се случило во угостителски објект.
Сите се хоспитализирани.
Сведок на настанот во изјава за „Нова.рс“ рекол дека напаѓачите го опколиле кафулето и дека, во моментот кога отвориле оган, настанал општ хаос, бидејќи на улицата се нашле неколку минувачи.
Сведокот, со кого новинарот разговарал на лице место, рекол дека сè се случило околу 14:30 часот, кога излегол да земе нешто од автомобилот.
„Одеднаш слушнав пукање. На почетокот не знаев што се случува, но кога видов, се сокрив. Се пукаше од повеќе страни, трчаа оддолу и од оваа страна, близу кафулето. Имаше луѓе на улица и на автобуската станица, сите избегаа“, рекол соговорникот.
„Имаше седум или осум истрели, беа поединечни.“
Сепак, рекол дека не знае што би можел да биде мотивот за ова пукање.
„Сите ние што живееме во близина седиме овде. Тука има и детска игротека, за време на викенд има многу деца. Немало проблеми од отворањето,“ додал сведокот.
Голем број полициски службеници се на местото на настанот и потрагата по напаѓачите е во тек.
Фото: колаж/нова.рс
Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин