Македонија
Се бара одговорност за починатото бебе и дете во Битола од докторите во ВМРО-ДПМНЕ: Не видовме мерки за ова да не се повтори
Kомисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ бара целосно расчистување на случаите во болницата во Битола кои за помалку од еден месец ја потресоа македонската јавност- починато девојче од битолско Кравари и случајот со новороденчето што почина пред два дена.
Апелираат комисијата при ДСЗИ и стручниот надзор за случајот со починатото новороденче задолжително покрај утврдувањето на сите факти за третманот на пациентката, истовремено да даде стручни препораки за подобрување на состојбата конкретно во битолската болница и за корективните мерки јавноста да биде информирана.
„Потсетуваме дека јавноста не го доби интегрално извештајот од стручниот надзор ниту за девојчето кое почина од битолско Кравари, а ниту во тој случај не видовме корективни мерки кои што би биле превземени во битолската болница за да ваков немил настан не се повтори.
Оставката на директорот на битолската болница нема да промени ништо суштински, а со продолжување на институционалниот молк и непреземањето апсолутно никакви корективни мерки наместо да се разрешат отворените дилеми, со стручни факти и аргументи и транспарентно, самите надлежни институции учествуваат во градењето на истата таа недоверба кон здравствениот систем и медицинскиот персонал.
Како здравствени работници сметаме дека интегритетот на здравствениот работник е неспорен.
Токму ваквиот досегашен пристап со нула транспарентност за извештаите од комисиите за стручен надзор, немањето корективни мерки за одредени аномалии за тие да не се повторат, како и неводењето грижа во овој сегмент креираат недоверба и се на штета на целиот здравствен систем и тоа како на здравствените работници, така, но и најмногу на штета на пациентите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.
Македонија
Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина.
Претставниците на двете организации ги изнесоа своите согледувања и препораки со посебен акцент на еколошката правда, превенцијата од еколошки штети, заштитата на природните ресурси и усогласувањето со европското право.

Според Сиљановска-Давкова заштитата на животната средина треба да биде клучен приоритет, а соработката меѓу институциите, граѓанските организации и стручната јавност е од суштинско значење за креирање одржливи и ефикасни политики. Таа укажа дека вклученоста на овие организации во креирањето на законските решенија треба да биде институционализирана, преку нивно учество во комисиските тела во Собранието и во Владата.
Именувањето на експертот од областа на метеорологијата и климатските промени, проф. д-р Спиридонов, за член на Советот за безбедност, е важен чекор кон интегрирање на научната експертиза во стратешкото одлучување. Ова, според претседателката, би им овозможило на невладините еколошки организации, со своите идеи и предлози да придонесат во работата на ова тело.
Соговорниците се согласија дека загрозувањето на животната средина е сериозен безбедносен ризик и закана за уставно загарантираното право на живот.

Тие ја нагласија потребата од користење на меѓународни искуства и унапредување на регионалната соработка во справувањето со реалните предизвици.
Претседателката и претставниците на МЗМП и ФЛОРОЗОН повикаа на континуирана едукација и поттикнување на младите во градењето партнерски однос со природата како неопходен предуслов за превенција на можни штети со несогледливи последици.

