Црна хроника
Девојче нападнато од малолетник на Бит Пазар
Малолетно девојче било нападнато од друго дете на подрачјето на Бит Пазар.
Како што соопшти МВР, нападот синоќа го пријавил таткото на девојчето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведено лице од Битола барано со потерница
Денеска во 14.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, го лишија од слобода С.Р.(31) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци.
Лицето, како што соопшти полицијата, ќе биде спроведено во казнено поправната установа Затвор Битола.
Црна хроника
Малолетници се степале во автобус на ЈСП
Денеска во 11.30 часот во СВР Скопје, М.М.(53) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 30.09.2024 околу 13.55 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син и двајца негови малолетни другари биле физички нападнати од други малолетници, кои употребиле и тврд предмет.
Според МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен малолетник: со нож повредил друг малолетник во скопски Карпош
Вчера во 12.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане, скопско, поради сомнение дека околу 07.30 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, со остар предмет нападнал малолетник од с.Семениште, скопско, и му нанел убодна рана.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.