Контакт

Економија

МЕПСО: Долгот од 14 милиони не е отпишан, туку се врши резервација на средствата

Објавено пред

Невистинити се тврдењата дека Управниот одбор на АД МЕПСО отпишал, односно простил околу 14 милиони евра долг на свои должници, а сето тоа поткрепено во медиумите со исечок т.е дел од Одлука на Управниот одбор на АД МЕПСО каде што јасно стои дека се врши “резервација” на средства а не отпис или простување на истите, што се сосема различни термини кои мора да се разликуваат, реагира МЕПСО.

dobivaj vesti na viber

Нивната реакција ја пренесуваме во целост:

„АД МЕПСО најостро реагира во однос на начинот на презентирање на информациите во медиумите по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои во одредени случаи се ставени во несоодветен контекст, АД МЕПСО ја дава оваа информација за јавност.

Во интерес на објективно и целосно информирање на јавноста наместо половични информации и во дел од медиумите, додадени нестручни и паушални коментари, кои даваат поинаков тон за работата на компанијата, ги презентираме следните факти:

– Членовите на Управниот одбор на АД МЕПСО се избрани лица со мандат од 4 (четири) години, и како избрани лица кои имаат статус на менаџери тие во согласност со Законот за трговски друштва на РСМ имаа склучено Менаџерски Договори во кои се уредени нивните права, обврски и одговорности, се до траење на нивниот мандат. Како едно од правата кои го имаат членовите на Управниот одбор на Друштвото е и правото на отпремнина во износ од 12 месечни плати, кои го остваруваат само доколку им биде прекинат мандатот, пред да истече истиот т.е. доколку мандатот им прекине пред истек на периодот од 4 (четири) години, за кој се избрани. Впрочем вакви Менаџерски Договори имаа сите избрани лица (менаџери) и во другите државни компании т.е. Акционерски Душтва во државна сопственост. Оттаму, не се точни наводите кои се пласираат во јавноста дека членовите на Управниот одбор на кои им прекинал менаџерскиот договор пред истекот на мандатот земале отпремнина само за еден или неколку месеци директорување (како што тврдат дел од медиумите). Вистината е дека согласно склучените Менаџерски Договори членовите на Управниот одбор на кои им прекинал менаџерскиот договор пред истекот на мандатот, можат да стекнат право на отпремнина само доколку имаат најмалку 6 (шест) месеци остварен мандат како менаџер во АД МЕПСО. Исто така не е точно дека членовите на Назорниот одбор на АД МЕПСО земале отпремнини, бидејќи тие немаат Менаџерски Договори и такви права не им следуваат.

Во однос на тоа дека членови на УО ја тужеле компанијата и добиле отштета, го појаснуваме следното:

-двајца бивши членови на Управниот одбор на АД МЕПСО, на кои им бил прекинат мандатoт пред истиот да им истече, поднесоа тужби за исплата на отпремнини согласно склучените Менаџерски Договори до Основниот граѓански суд Скопје. Само на еден од нив судот со правосилна пресуда му досуди отпремнина во износ од 12 месечни плати, но на другиот поранешен член на Управен одбор судот му го одби тужбеното барање, и таа одлука е правосилна.

Во однос на тоа дека во текот на 2021 год. и 2022 год. има судска постапка од поранешен генерален директор го посочуваме следното:

-станува збор за непроверена информација бидејќи името и презимето на поранешен член на Управен одбор кој го тужеше АД МЕПСО за отпремнина и судот го одби во тоа негово тужбено барање е исто со името и презимето на еден од подоцнежните членови на Управен одбор на АД МЕПСО кој ја вршеше функцијата Претседател на Управен одбор и Генерален Директор на АД МЕПСО, кој го нема тужено АД МЕПСО.

Во однос на делот кој се однесува на ТЕЦ Неготино, АД МЕПСО дообјаснува дека согласно законската обврска за обезбедување на ладна резерва, компанијата беше задолжена од законодавецот по овој основ да врши плаќање кон ТЕЦ Неготино, како законска обврска која предходно законодавецот му ја имаше дадено на АД ЕЛЕМ (сега АД ЕСМ).

Исто така невистинити се тврдењата дека Управниот одбор на АД МЕПСО отпишал, односно простил околу 14 милиони евра долг на свои должници, а сето тоа поткрепено во медиумите со исечок т.е дел од Одлука на Управниот одбор на АД МЕПСО каде што јасно стои дека се врши “резервација” на средства а не отпис или простување на истите, што се сосема различни термини кои мора да се разликуваат.

Посочуваме дека ваквите написи во дел од медиумите фрлаат дамка врз успешното работење на Друштвото поради што сметаме дека во интерес на пообјективно информирање на јавноста е нужно потребна поголема соработка меѓу двете страни“, се наведува во реакцијата на МЕПСО.

Економија

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.

Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Економија

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Објавено пред

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

dobivaj vesti na viber

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет28 минути

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет42 минути

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија49 минути

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа56 минути

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија9 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет13 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет14 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет21 час

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет21 час

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет21 час

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет22 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет22 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...