Македонија
Левицата: Целта на посетата на гробот на Хоџа е подавање рака за соработка со младите албански левичари

Целта на посетата на вечното почивалиште на албанскиот комунистички државник е за подавање рака за соработка помеѓу Левицата и младите албански левичари. Тие во овој момент ги потиснува клеро-фашистичката политичка култура на сецесионизам и деструктивност, која се наметнува преку партиите на албанското малцинство во Република Македонија, објаснуваат од политичката партија Левица по реакциите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за посетата на гробот на Енвер Хоџа.
„Енвер Хоџа е симбол на антифашистичкиот отпор на нашите соседи против италијанската окупација – затоа и не е за изненадување реакцијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како партии што ги слават крвниците на македонската нација, како Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, и се обидуваат да ја избришат жртвата на македонските партизани и нивната борба против фашистичките окупатори.
Левицата, како последна кочница пред бугаризација и федерализација на Република Македонија, нема да дозволи да се исполнуваат туѓи агенди за повторно поробување на државата под фашистичко влијание преку рехабилитација на нашите историски непријатели, како врховистите и балистите“, се наведува во реакцијата на Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Се виде кој вистински управува со СДС, тоа е Зоран Заев, а Венко Филипче е само нем послушник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев. Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.
Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.
Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.
За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.
Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.