Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалните ортаци Ковачевски и Груби си го чуваат грбот, едниот го штити од скандалите, другиот враќа со државно земјиште од 70 денари за квадрат за жена му
„Никаде во Европа не се видело, компанија на сопруга на премиер да добие државно земјиште, и тоа за само 70 денари за квадрат.
За жал, тоа го има во Македонија, каде што компанијата на сопругата на Ковачевски со одлука на Владата, предводена од самиот тој, купила 1.119 м2 државна земја за цена од 70 денари за квадратен метар. Ковачевски може да се прави паднат од друга планета колку сака, но со тоа што неговиот криминален ортак Артан Груби ја потпишал оваа одлука, тоа не го амнестира од одговорност, влијание и злоупотреба на својата функција.
Ковачевски на ист начин се однесуваше и кога неговата сопруга влезе во бизнис од над 1 милион евра, а сега со потпис на Груби добива и земјиште за багателна цена. Очигледно е дека со Груби си го чуваат грбот, тој него му помага за секојдневните скандали, а овој му возвраќа со државни повластувања за жена му.
За овие тешки криминали што ги прават, да не ни помислуваат дека ќе им бидат заборавени. Ќе следува правна разрешница за сите“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

