Македонија
Лекарската комора бара да се казнат лекарите што направиле грешка, но казни да има и за оние што неосновано ги напаѓаат
Лекарската комора најостро ги осудува јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за сторена лекарска грешка, и истакнува дека атмоферата што се креира во јавноста покажува дека е потребно итно носење посебен закон за заштита на докторската дејност, со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на докторите.
„Докторите од болницата во Битола, кои беа вклучени во лекувањето петгодишно девојче, се изложени на огромен притисок иако инспекцискиот и стручниот надзор досега не утврдија пропусти во стручната работа. Докторите од ’Жан Митрев’ беa изложени на навреди и вербални напади пред Кривичниот суд, што секако не е атмосфера во која се почитува правото на пресумција на невиност како осново човеково право. Секојдневно во медиумите се истакнуваат имиња на доктори што биле вклучени во лекување пациенти наведувајќи на тоа дека сториле некаква лекарска грешка, без притоа да постои одлука на надлежна институција“, соопшти Лекарската комора.
Комората ги осудува овие настани за кои смета дека предизвикуваат сериозно вознемирување, згрозување и нарушување на достоинството, угледот и интегритетот на професијата, што, според нив, е крајно недозволиво во услови кога најрелеватните меѓународни организации истакнуваат дека здравствените работиници се најважниот фактор на здравствениот систем поради што треба да бидат заштитени и предупредуваат на глобален недостиг на овие профили на пазарот на трудот.
„Атмосферата што постои кај нас создава јавно мислење дека сите лекари во земјата работат нестручно и несовесно, што целосно не е точно бидејќи повеќето од нив својот професионален и приватен живот го посветиле на својата професија и одговорно, стручно и посветено секојдневно укажуваат здравствена заштита и се грижат за здравјето на голем број пациенти во условите што постојат во здравствениот систем. Загубата на живот на пациент е тежок удар за секој лекар, што никогаш не може целосно да се надмине“, смета Лекарската комора.
Од таму апелираат поединците, кои не се компетентни, да се воздржат од јавни коментари, кои само ги засилуваат нападите и говорот на омраза. Комората ги охрабрува институциите соодветно и ажурно да постапуваат во сите случаи кога ќе се утврди пропуст во лекувањето, но соодветна казна да има и во случаите кога докторите неосновано се напаѓаат.
„Истакнуваме и дека пациентите и лекарите се дел од еден ист систем, во кој може да се обезбеди рамнотежа единствено ако институциите во државата еднакво застанат во одбрана на правата и на едните и на другите. Во овој момент законски се регулирани само правата на пациентите, а законот за лекарска дејност, во кој покрај обврските, би се уредиле и правата на лекарите, и покрај долгогодишните многубројни иницијативи, сѐ уште не е донесен“, велат од Лекарската комора и апелираат законот со кој лекарската дејност се смета за дејност од посебен општествен интерес да биде итно донесен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

