Македонија
Со фармерки и голи глуждови во црква во Ерусалим – министерката за култура направи гаф со кодексот на облекување
Со фармерки, голи глуждови, патики и спортска јанка, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска се појави на утрената богослужба во храмот на Воскресение во Ерусалим. По објавените фотографии, нејзиниот стајлинг наиде на критики oд јавноста, но и од стручната фела задолжена за протокол, особено бидејќи станува збор за голем црковен настан, а министерката е во друштво на свештени лица.
„Кај ојш мори чупе по фармерчиња, Цапари на панаѓур?“, е еден од коментарите на фотографиите објавени од Владата.
„Макфакс“ побара мислење од Лукреција Маљковиќ-Атанасовска која е основач и директор на Академијата за протокол.
Таа вели дека кодексите на облекување се посебно специфични кога станува збор за црковни објекти и храмови, а нашите претставници треба да заборават на џинсот кога одат во службена функција.
„Секогаш мора да се провери каков дрес код се очекува, дури и при обична туристичка посета, а камоли во склоп на државна делегација на свечена литургија на еден од најсветите христијански празници! Понекогаш не е потребен ни протокол туку здраворазумско чувство за тоа што е прикладно, а што не. Претставувате држава, црква, народ – фармерки и патики не се во ниеден официјален протоколарен кодекс, тоа е облека за во парк и нашите претставници треба да заборават на џинсот кога одат во службена функција!!! Ова е уште еден пример како еден олку значаен момент е засенет од гаф којшто многу лесно можел да се избегне доколку делегацијата имала соодветна протоколарна подготовка“, вели Маљковиќ-Атанасовска за „Макфакс“.
Министерката неколку часа подоцна ја поправи грешката, па за време на преземањето на светиот оган во Црквата на Светиот гроб во Ерусалим се појави облечена соодветно – во црно сако, црна свечена панталона и бела кошула.
За првпат владина и црковна делегација директно од Ерусалим го носи во Македонија благодатниот оган. Државната делегација во Ерусалим ја предводи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Во црковната делегација се повеќемина свештени лица предводени од шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Тетовски-гостиварски, г. Јосиф Тодоровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.