Македонија
Одложена расправата за Законот за работните односи, Апасиев порача: „Страв им е пратеник на Левицата да дојде до говорницата“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/sobranie-apasiev.jpg)
Одложена е расправата на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, на која требаше да бидат разгледани измените на Законот за работните односи.
Со законските измени се предлага прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, односно повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата по претходно дадена писмена согласност на работникот.
Законот исто така предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес. Дополнително, се воведува можноста за работа во недела, како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела.
Политичката партија Левица претходно поднесе 1.111 амандмани за предложените измени на Законот за работните односи.
Од партијата велат дека со овие измени се прави обид неуставно работната недела од 40 часа да се зголеми на 60 часа и работниците да работат и во недела.
Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи денес напиша дека власта се плаши од тоа пратеник на Левицата да дојде до говорницата оти не знае каде тоа ќе ги однесе.
„Денешната Комисија за труд – на која планираа да воведат 12-часовно работно време – е одложена! Остануваат 1.111 амандмани на двајцата левичарски маченици“, напиша Апасиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Министерот Тошковски претседаваше со конститутивната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/449630277_122162759648197509_1806381321720411464_n.jpg)
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес како претседавач на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, присуствуваше на конститутивната седница на комитетот која се одржа во просториите на Центарот за управување со кризи.
На седницата присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
На средбата, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информираше за мигрантската кризна состојба на јужната и северната граница, кризната состојба во КПУ „Идризово“, како и за бројот на пожари на отворен простор и ресурсите за нивно гаснење.
„Продолжуваме посветено да работиме на надминување на овие предизвици, обезбедување брза и ефикасна реакција во кризните ситуации, се со цел поголема безбедност за нашите граѓани“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Средба Муцунски –Лудва: изразен интерес за искористување на потенцијалот за натамошно развивање на економската соработка меѓу двете земји
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/mucunski-ludva-2.jpeg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.
На средбата беше истакнато взаемно задоволство од одбележувањето на 30-години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, кои се карактеризираат со развиена соработка во многу сфери и отворен и продлабочен дијалог по сите клучни прашања за двете земји.
Министерот Муцунски се заблагодари за силната чешка поддршка за процесот за интеграција на нашата земја во ЕУ, особено нагласена и преку Вишеградската и Групата на пријатели на проширувањето, како и преку т.н. Славков формат. Притоа, ја потенцира цврстата определба на новата влада за забрзување на евроинтеграцискиот процес и спроведување на клучните реформи.
Министерот изрази интерес за искористување на потенцијалот за натамошно развивање на економската соработка меѓу двете земји во повеќе области, меѓи кои и во енергетскиот сектор и земјоделството. Притоа, изразувајќи задоволство од порастот на трговската размена во изминатите години, Муцунски ја нагласи важноста од натамошен фокус на унапредувањето на бизнис релациите, што ќе биде меѓу приоритетите на Министерството во следниот период.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“, се чека околу 30 минути
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/DJI_0486.00_05_25_44.Still006.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Нa ГП Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од Мaкедонија, време на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.