Свет
Канада признава дека не може да го достигне одбранбениот буџет наметнат од НАТО

Канадскиот премиер Џастин Трудо приватно им кажал на претставниците на НАТО дека Канада никогаш нема да ја достигне целта за воени трошоци на блокот, покажува обелоденет документ на Пентагон до кој дошол „Вашингтон пост“.
Иако НАТО бара од земјите членки да потрошат најмалку 2 отсто од својот БДП за одбрана, Трудо ја информирал алијансата дека „Канада никогаш нема да достигне 2 отсто за одбранбени трошоци“, се вели во документот, во кој се истакнува дека воениот буџет на Отава во последните три децении не надминал 1,4 % од нејзиниот ГДП.
Добиен како дел од траншата обелоденети разузнавачки досиеја, кои првпат се појавија на интернет во март, документот продолжува ги цитира американските официјални лица кои се жалат за северниот сосед велејќи дека „огромните одбранбени кусоци ги попречуваат канадските способности, а во исто време ги затегнуваат и партнерските односи и придонесите во алијансата“. во рамките на НАТО.
Во документот се истакнува дека делови од канадската војска се оставени без доволна опременост поради „политички мотивираните“ одлуки за набавки забележувајќи дека на повеќето од нејзините 89 тенка „Леопард 2“ им е потребно одржување.
„Во една единица од 40 тенка, само девет се оперативни, а војската сега има само половина од пилотите што ѝ се потребни за целосна подготвеност“, се вели во документот.
Тие долготрајни недостатоци ја принудија канадската армија претходно годинава да заклучи дека не може да спроведе голема операција и истовремено ги одржува лидерството во борбената група на НАТО во Латвија и помошта за Украина, се додава во документот.
Прашан за недоволното трошење во одбраната на Канада, Трудо претходно неделава го избегна директниот одговор велејќи дека Отава „ќе го исполни својот дел“ објаснувајќи притоа дека владите се соочени со цел куп разноразни приоритети, меѓу кои треба да воспостават рамнотежа.
Според НАТО, Канада во моментот троши околу 1,29 отсто од својот БДП за одбрана.
Портпаролот на канадското Министерство за одбрана, Даниел Минден, истакна дека Канада продолжува да вложува значителни инвестиции за опремување на своите вооружени сили наведувајќи го купувањето 88 борбени авиони „Ф-35“ за 19 милијарди долари претходно годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по денешниот телефонски разговор со Трамп, јави ДПА.
Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател синоќа се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.
„Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и војната“, рече Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Свет
Трамп вели дека состанок за прекин на огнот во Украина организираат Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина.
„Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа сега. Исто така, би рекол дека европските земји треба малку да се вклучат. Но, зависи од претседателот Зеленски. Ако сакаат, ќе бидам на следниот состанок“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ по средбата со Путин во Алјаска.
„Претпоставувам дека сега ќе закажат состанок меѓу претседателот Зеленски, претседателот Путин и мене“, додаде тој.
На прашањето каков совет би му дал на Зеленски, Трамп рече дека би му препорачал на украинскиот претседател „да склучи договор – Русија е многу голема сила“.