Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави историска кражба, Ковачевски призна дека 70% од работниците на Коридорот 8 ќе се увезат од странство
Власта прави историска кражба, Ковачевски призна дека 70% од работниците на Коридорот 8 ќе се увезат од странство, се вели во соопштението во ВМРО-ДПМНЕ.
Од најголемата опозициска партија велат дека работниците кои ќе се увезат од странство, ќе можат да работат во Македонија без работни дозвола и без дозволи за престој.
– Ковачевски и Груби сами се вплеткаа во сопствените лаги, и полека вистината излегува на виделина. Наместо повеќе пари за македонските работници и компании, парите ќе се одлеваат за работници од странство, тоа историска кражба во вредност од милиони. Ковачевски и Груби го кријат договорот, затоа што се што потпишале е спротивно од тоа што тие тврдеа. Наместо 51% македонски работници, како што велеа Ковачевски и Груби, ќе имаме 70% странски работници. Ковачевски и Груби прифатиле и во случај на спор, да не важи македонското право, туку правото на Англија и Велс Ковачевски и Груби потпишале договор, за чие исполнување е потребно да се изменат цела низа на закони, а тие преземале обврски како измената на истите да не е никаков проблем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека власта да не го крие договорот, „граѓаните од чии пари преку буџетот ќе се плаќа изградбата на Коридорот 8 мора да знаат што плаќаат, колку и зошто“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ изгласа нов закон заедно со дестабилизаторите од ДУИ
Од опозициската партија оценуваат дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ си функционира.
„Во Собранието денеска токму со гласовите на ДУИ власта обезбеди двотретинско мнозинство и беа усвоени измените на Законот за локална самоуправа.
Додека во јавност Мицкоски демек ги напаѓа во Собрание си ги реализираат диловите.
ВМРО-ДПМНЕ реализираше уште еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ.
Пред околу 1 месеци ДПМНЕ и ДУИ исто така со заеднички гласови формираа тело за следење на правична застапеност на заедниците.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали.
Значи наутро Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата и дека се криминалци а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички дилови со ДУИ“, реагираат од СДСМ.
Договарања под маса, манипулации и лажните јавни конфликти меѓу двете партии, според нив, се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат.
Македонија
Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа, соопшти Владата
Денеска Владата ја одржа 22 седница.
„Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје“, се истакнува во владиното соопштение.
Се задолжува, како што е појаснето во напишаното, Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје да ги преземе потребните активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од глобалната интернет мрежа, согласно Автентичното толкување на членот 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и забавните игри.
Македонија
„Вреди“: Коцката надвор од домовите, исполнето ветувањето
Планот на „Вреди“ за справување со штетните последици од коцкањето, веднаш даде конкретни резултати, велат од оваа партија.
„Ветувањето за отстранување на коцката надвор од домовите на граѓаните е исполнето! Коалицијата ВЛЕН со конкретни дела се справува со девијантните појави кои режимот на ДУИ ни ги остави во наследство.
Во првите 80 дена од формирањето на владино мнозинство, предложивме и усвоивме автентично толкување на законот за игри на среќа со што се создадоа правни предуслови за одлуката на Владата за затворање на пет компании и отстранување на коцката од домовите на граѓаните.
Оваа одлука на Владата е победа на моралот над погрешните и коруптивни одлуки на Артан Груби и Прпарим Бајрами за воведување интернет коцкарници, кои како општествено зло директно ги таргетираа младите“, појаснуваат од коалицијата.
Претходно, како што додаваат, Владата донесе одлука за раскинување на коруптивниот договор за закуп на Државна Лотарија со фирмата „ХЕЈ ДООЕЛ“, чиј објект во Визбегово е сопственост на лица кои се поврзуваат со Али Ахмети.
Сега, според „Вреди“ има доволно исполнети правни околности да се премине кон институционална одговорност за сите коруптивни коцкарски зделки на ова раководство на ДУИ.
„Вреди“, нагласуваат од коалицијата, продолжува да го спроведува Планот за справување со штетните последици од коцкањето.
„Во фаза на изработка е нов Закон за игри на среќа кои ќе содржи далеку построги одредби, кои во прва фаза ќе го намалат постоечкиот број на коцкарници, минимум за половина“, известуваат од „Вреди“.