Македонија
Општина Аеродром му одговори на СДСМ: Ние решаваме проблеми на граѓаните, не градиме хотели и фотоволтаици

Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, решава важни урбанистички и комунални проблеми за граѓаните во овој дел од општината. Процесот за негова изработка е целосно транспарентен и во согласност со законите процес кој вклучува и усогласување и разгледување на забелешките добиени преку анкетните листови на граѓаните. Ширењето на лажни вести е само уште еден обид на СДСМ за дефокус од крупните корупциски скандали во кои е вклучен врвот на политичката партија, се вели во дописот од Општина Аеродром кој е одговор на овинувањата од СДСМ дека на Лисиче му се заканува бетонизација.
– Додека тие се обидуваат, да ги скријат зделките за нови луксузни хотели и фотоволтаици, ние во Општина Аеродром сме посветени на решавање на проблемите на граѓаните, преку хумана урбанизација која тековно се одвива на неколку локации. Општина Аеродром е првата општина која пренамени градежни маркички во паркови и зеленило. Изминатите денови, започнаа активностите за изведба на новиот парк ‘Радост’, а нови паркови и зеленилото стануваат реалност во неколку населени места, се вели во дописот.
Од Општина Аеродром велат дека новите инвестиции во Аеродром се проекти кои решаваат најголемите предизвици на граѓаните.
– Ние не градиме хотели, како тој на мајката на Богоев и во Аеродром нема да никнат фотоволтаици како тие на сопругата на Ковачевски. Изведбата на нови паркови, реконструкцијата и изградба на нови детски игралишта, инвестициите во детските градинки и училишта се дел од инвестиции во Аеродром. И тоа ја прави општината, простор во кој контиунирано се инвестира и убаво месо за грѓаните, велат од општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Се виде кој вистински управува со СДС, тоа е Зоран Заев, а Венко Филипче е само нем послушник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев. Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.
Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.
Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.
За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.
Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.