Свет
(Видео) Се запали авион со 167 патници

Авионот на компанијата „Флајдубаи“ се запалил по полетувањето од аеродромот во Катманду во Непал, објави агенцијата АНИ повикувајќи се на неименувани извори.
#FlyDubai plane flight no. FZ576 caught fire in engine and circled around the sky of Kathmandu just minutes after takeoff. They’re trying to safe-land and as per aviation authority flight has been redirected towards Dhading. Hoping and praying for all passenger and crew’s safety. pic.twitter.com/0NoePsHarm
— Nirwan Luitel (@nirwanluitel) April 24, 2023
Според „Аларабија њуз“, при полетувањето дошло до удар на птица.
#BREAKING
An official statement from @DXBMediaOffice regarding @flydubai flight #FZ576 from #Kathmandu (KTM) confirms the #B737 aircraft experienced a bird strike during takeoff from KTM. Standard safety procedures were followed. The aircraft is due to arrive in #Dubai at… https://t.co/7s54u8kynI— VT-VLO (@Vinamralongani) April 24, 2023
Портпаролот на Управата за цивилна авијација, Јаганат Нирула, во изјава за Ројтерс изјави дека моторот се запалил на Боингот 737-800 на Флајдубаи со 167 патници набрзо по полетувањето од Катманду и дека пожарот е ставен под контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху: Нашите разузнавачи вршат света работа во борбата за победа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети базата на разузнавачката управа заедно со неколку високи функционери.
На средбата учествуваа и израелскиот министер Рон Дермер, воениот секретар генерал-мајор Роман Гофман, шефот на националната разузнавачка служба и шефот на воената разузнавачка администрација.
Нетанјаху рече дека војниците и припадниците на војската во базата вршат „света работа за да дадат разузнавање што носи победа во војната“.
„Не можам доволно да ја истакнам важноста на досегашната работа, како и важноста на она што моментално се прави за да се постигне апсолутна победа“, рече Нетанјаху.
Свет
САД испраќаат трет носач на авиони на Блискиот Исток

САД испраќаат трет носач на авиони на Блискиот Исток, поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на американски официјални лица.
Американскиот носач на авиони УСС Џералд Р. Форд ќе ја напушти својата база во Норфолк, Вирџинија, на 24 јуни, соопшти американската морнарица. Станува збор за планирано распоредување во областа на операции на Европската команда на САД (EUCOM), но неговото пристигнување во близина на Медитеранот значи дека третиот американски носач ќе биде во дофат на потенцијален конфликт на Блискиот Исток.
УСС Карл Винсон веќе е во регионот, учествувајќи во воздушни операции против бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран. Трет носач, УСС Нимиц, исто така се испраќа во регионот, потврди висок американски функционер за одбрана.
Министерот за одбрана Пит Хегсет издаде наредба за „одржување на одбранбената положба и заштита на американскиот персонал“.
Како што објави Ројтерс, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе одлучи во рок од две недели дали САД ќе се приклучат на нападите на Израел врз Иран. Тој додаде дека сè уште постои шанса за преговори со Техеран.
Трамп вчера изјави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е „лесна цел“, нагласувајќи дека не ја исклучил можноста за воена акција. Да потсетиме дека Трамп се повлече од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, а сега ги поддржува израелските напади врз иранските нуклеарни објекти и воени команданти.
Свет
Завршија разговорите меѓу ЕУ и Иран во Женева

Преговорите меѓу европските министри за надворешни работи и иранската делегација во Женева, одржани со цел смирување на ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, завршија. Средбата траеше цел ден, а по завршувањето, учесниците дадоа кратки изјави за медиумите.
Потпретседателката на Европската комисија и естонска премиерка, Каја Калас, нагласи дека регионалната ескалација „не е од корист за никого“ и дека „затоа мора да ги држиме отворени каналите за комуникација“.
Таа додаде дека двете страни се согласиле да продолжат со разговорите за нуклеарните прашања, но и за пошироките прашања.
Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, беше директен:
„Јасно ставивме до знаење: Иран не смее да има нуклеарно оружје“.
Тој додаде дека тој и неговите европски колеги се „решени да продолжат со преговорите со Иран“ и ја нагласи важноста од продолжување на разговорите меѓу Иран и САД.
„Ова е опасен момент и е исклучително важно да нема регионална ескалација“, предупреди Лами.