Култура
„Читањето е супермоќ“ – инспирација за литературен и ликовен конкурс

Кампањата „Читањето е супермоќ“ е инспирација за новиот литературен и ликовен конкурс во организација на издавачката куќа „Арс ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае до 23 мај 2023 година, право на учество имаат сите ученици од основните училишта од целата држава. Тие може да напишат поетско или прозно дело или да нацртаат цртеж што ќе биде поттикнат од светот на книгите, читањето и литературата.
Победниците ќе бидат соопштени и наградени на посебен настан на почетокот на јуни 2023 година. Наградниот фонд се состои од дипломи и книги обезбедени од „Арс ламина“.
Творбите на тема „Читањето е супермоќ“ треба да бидат испратени на [email protected].
При конкурирањето учениците треба да ги наведат следните податоци: име, презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт (од родител за помладите учесници).
Главната мисија на кампањата „Читањето е супермоќ“, која издавачката куќа „Арс ламина“ ја спроведува веќе петта година по ред, е поттикнување на читачките навики кај децата. Целите на кампањата се: подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст и во таа смисла вклучување на колку што е можно поголем број релевантни чинители од сите сфери на нашето живеење, негување на мајчиниот јазик, поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, понуда на квалитетно поминато време настрана од новите технологии, образовна поддршка преку збогатување на наставната програма и активностите на училишните библиотеки, поддршка на децата со тешкотии во читањето – дислексија – за кои создадовме едиција „Лесно читливи лектири“ со соодветен фонд и проред, одобрени од здружението за дислексија „Ајнштајн“, и прераснување на „Читањето е супермоќ“ во долгорочна, национална кампања.
Оваа година, во соработка со скопските општини, „Арс ламина“ организира серија едукативни презентации за претставниците на основните училишта (директорите, библиотекарите и наставниците) како поддршка на наставната програма со понуда на конкретни методи, алатки и стратегии за поттикнување на читањето. Целта е активно вклучување на наставниците и библиотекарите во унапредување на читачката култура, читачките вештини, усното изразување, когнитивните способности на децата. Во рамките на оваа соработка со општините, „Арс ламина“ донира по сто книги (лектири, лектирни читанки, збирки, вежбанки и нагледни средства) во библиотеките на сите училишта што ќе се вклучат во кампањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Почина Ричард Чембрлен

Ричард Чембрлен (роден како Џорџ Ричард Чембрлен на 31 март 1934 година во Беверли Хилс, Калифорнија) беше американски актер и пејач, најпознат по неговите телевизиски улоги во 1960-тите и 1980-тите, што му донесе статус на меѓународна ѕвезда и секс симбол.
Ричард бил син на Елсинор и Чарлс Чембрлен. Студирал на колеџот Помона, каде што дипломирал уметност. За време на Корејската војна служел во армијата на САД, а по враќањето посериозно се посветил на актерството.
Чембрлен стана познат во 1961 година со улогата на доктор Џејмс Килдер во истоимената медицинска серија „Д-р Килдер“. Серијата стана огромен хит. Актерот стана тинејџерски идол, а неговата популарност беше придружена со музичка кариера. Тој објави неколку албуми и синглови, вклучувајќи го и хитот „Три ѕвезди ќе светат вечерва“.
По неговиот успех на телевизија, Чембрлен се посвети на театарот и филмот. Глумеше во бројни драми на Шекспир, а студираше и во Англија, каде што се здоби со сериозна актерска репутација. На филм, тој се истакна во адаптацијата на Љубителите на музиката (1971), блокбастерот Класниот пекол (1974) и авантуристичките филмови како Грофот од Монте Кристо (1975) и Човекот со железната маска (1977).
Неговите најпознати улоги беа во ТВ мини сериите во 1980-тите.
Долго време бил таинствен за приватниот живот поради тогашните општествени норми. Дури во 2003 година, во својата автобиографија тој јавно призна дека е хомосексуалец и ја откри својата долгогодишна врска со продуцентот Мартин Рабет.
Наследството и подоцнежниот живот Чембрлен е запаметен како еден од најзначајните актери на неговата генерација, особено во светот на телевизиската драма. Неговата способност да отелотворува сложени, романтични и трагични ликови остави силен впечаток кај публиката ширум светот. Во подоцнежните години, тој повремено се појавуваше во помали улоги на телевизија и во театар.
Култура
(Видео) Почина основачот на групата „Нови фосили“

Маринко Колнаго, еден од основачите и долгогодишен член на групата Нови фосили, почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Веста е објавена на нивната официјална страница на Фејсбук.
Маринко Колнаго, басист и еден од основачите на легендарната екс ју група, е единствениот член кој свирел во овој култен поп бенд од самиот почеток, уште во 1969 година, а чии песни живеат и денес.
„Драги пријатели, со голема тага соопштуваме дека нашиот добар дух Фосил, нашиот драг Маринко, не напушти. Неизмерно ќе ни недостига. Маринко, засекогаш си во нашите срца“, се вели во објавата.
Лани групата имаше концерт во Скопје.
Култура
Глумците нема да пеат во април поради трагедијата во Кочани, објавен нов датум

Двете претстави на култното шоу Глумците Пеат што требаше да се одржат на 8 и 9 април во МНТ, се презакажани за 8 и 9 јуни во истиот театар.
Одложувањето е заради трагедијата во Кочани, и како што наведуваат од продукцијата, во овие моменти не е време за радост и песна. Тие во трагедијата изгубија член од тимот, односно пратечкиот вокал Сара Пројковска, додека вториот пратечки вокал, Ана Костадиновска е повредена.
– Трагедијата сите не погоди и од почит кон жртвите и повредените, но и кон целата нација која тагува, одлучивме да го одложиме шоуто. Сцената е место ра радост, смеа и песна, а нам во овој период навистина не ни е до тоа. Се надеваме дека нашата верна публика ќе има разбирање за оваа одлука – изјавија организаторите.
Инаку, за сите кои нема да бидат во можност да присуствуваат на новте термини, возможна е рефундација на влезниците и тоа на продажните места каде што се купени, во периодот од 28 март до 10 април.
За МНТ ќе треба да се обратат на билетарницата на МНТ, а за МкТикетс треба да се испрати барање на [email protected] за рефундација.
Првата престава za 8 јуни е распродадена, додека за втората на 9 јуни има сеуште карти онлајн на платформата www.mktickets.mk.
Режисер на шоуто и годинава е Дејан Пројковски, а диригент на биг бендот е Љупчо Мирковски. Новите аранжмани на песните се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго а костимографијата на Марија Пупучевска.
Глумците Пеат, чиј идеен творец е актерот Марин Бабиќ, кој почина во 2022 година, за прв пат било организирано во 1992 година, во чест на Светскиот ден на театарот и се организирало се до 2006 година. По неговата смрт, неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ, по 17 години пауза повторно го враќаат на сцената, публиката и актерите.