Култура
Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ во МНТ

Од 27 до 29 април, на малата сцена на Македонскиот народен театар, ќе се одржи 16. по ред интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз 2023“.
На годинешното издание на фестивалот ќе се изведат три претстави од разни жанрови и од разни земји. На отворањето на фестивалот на 27 април ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес, со 90-минутната пантомима „Страдањата на Исус“, претстава што како тема ги зема најважните случувања од животот на Исус, а сето тоа преточено преку јазикот на пантомимата. Патување 2000 години назад во минатото, моќно, поетско, драматично, трогателно.
На втората вечер на фестивалот ќе настапи младата актерка од Србија, Нада Милошевиќ, со својот буто-перформанс „Суштество“, во кој како егзистенцијален предизвик се поставува истражувањето на скриениот архетип на битието, изгубено во сопственото опкружување.
На третата вечер ќе настапат гости од Романија со својата претстава, физички театар, танц и пантомима Hommo Love, претстава што како соло актер ја води Пол Цимпоеру, потпомогнат од својата партнерка Алина Пентак, претстава за љубовта, која секогаш и сегде ни се случува и нè канат, не да ја видиме, туку да ја почувствуваме…
Оваа година фестивалот има ревијален карактер, а како и изминативе три години по ред, билетите за претставите се бесплатни. Публиката ќе може да си ги подигне секој ден од 27 април до 29 април од 14 часот на билетарницата на МНТ и пред почетокот на секоја од претставите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Почина Ричард Чембрлен

Ричард Чембрлен (роден како Џорџ Ричард Чембрлен на 31 март 1934 година во Беверли Хилс, Калифорнија) беше американски актер и пејач, најпознат по неговите телевизиски улоги во 1960-тите и 1980-тите, што му донесе статус на меѓународна ѕвезда и секс симбол.
Ричард бил син на Елсинор и Чарлс Чембрлен. Студирал на колеџот Помона, каде што дипломирал уметност. За време на Корејската војна служел во армијата на САД, а по враќањето посериозно се посветил на актерството.
Чембрлен стана познат во 1961 година со улогата на доктор Џејмс Килдер во истоимената медицинска серија „Д-р Килдер“. Серијата стана огромен хит. Актерот стана тинејџерски идол, а неговата популарност беше придружена со музичка кариера. Тој објави неколку албуми и синглови, вклучувајќи го и хитот „Три ѕвезди ќе светат вечерва“.
По неговиот успех на телевизија, Чембрлен се посвети на театарот и филмот. Глумеше во бројни драми на Шекспир, а студираше и во Англија, каде што се здоби со сериозна актерска репутација. На филм, тој се истакна во адаптацијата на Љубителите на музиката (1971), блокбастерот Класниот пекол (1974) и авантуристичките филмови како Грофот од Монте Кристо (1975) и Човекот со железната маска (1977).
Неговите најпознати улоги беа во ТВ мини сериите во 1980-тите.
Долго време бил таинствен за приватниот живот поради тогашните општествени норми. Дури во 2003 година, во својата автобиографија тој јавно призна дека е хомосексуалец и ја откри својата долгогодишна врска со продуцентот Мартин Рабет.
Наследството и подоцнежниот живот Чембрлен е запаметен како еден од најзначајните актери на неговата генерација, особено во светот на телевизиската драма. Неговата способност да отелотворува сложени, романтични и трагични ликови остави силен впечаток кај публиката ширум светот. Во подоцнежните години, тој повремено се појавуваше во помали улоги на телевизија и во театар.
Култура
(Видео) Почина основачот на групата „Нови фосили“

Маринко Колнаго, еден од основачите и долгогодишен член на групата Нови фосили, почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Веста е објавена на нивната официјална страница на Фејсбук.
Маринко Колнаго, басист и еден од основачите на легендарната екс ју група, е единствениот член кој свирел во овој култен поп бенд од самиот почеток, уште во 1969 година, а чии песни живеат и денес.
„Драги пријатели, со голема тага соопштуваме дека нашиот добар дух Фосил, нашиот драг Маринко, не напушти. Неизмерно ќе ни недостига. Маринко, засекогаш си во нашите срца“, се вели во објавата.
Лани групата имаше концерт во Скопје.
Култура
Глумците нема да пеат во април поради трагедијата во Кочани, објавен нов датум

Двете претстави на култното шоу Глумците Пеат што требаше да се одржат на 8 и 9 април во МНТ, се презакажани за 8 и 9 јуни во истиот театар.
Одложувањето е заради трагедијата во Кочани, и како што наведуваат од продукцијата, во овие моменти не е време за радост и песна. Тие во трагедијата изгубија член од тимот, односно пратечкиот вокал Сара Пројковска, додека вториот пратечки вокал, Ана Костадиновска е повредена.
– Трагедијата сите не погоди и од почит кон жртвите и повредените, но и кон целата нација која тагува, одлучивме да го одложиме шоуто. Сцената е место ра радост, смеа и песна, а нам во овој период навистина не ни е до тоа. Се надеваме дека нашата верна публика ќе има разбирање за оваа одлука – изјавија организаторите.
Инаку, за сите кои нема да бидат во можност да присуствуваат на новте термини, возможна е рефундација на влезниците и тоа на продажните места каде што се купени, во периодот од 28 март до 10 април.
За МНТ ќе треба да се обратат на билетарницата на МНТ, а за МкТикетс треба да се испрати барање на [email protected] за рефундација.
Првата престава za 8 јуни е распродадена, додека за втората на 9 јуни има сеуште карти онлајн на платформата www.mktickets.mk.
Режисер на шоуто и годинава е Дејан Пројковски, а диригент на биг бендот е Љупчо Мирковски. Новите аранжмани на песните се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго а костимографијата на Марија Пупучевска.
Глумците Пеат, чиј идеен творец е актерот Марин Бабиќ, кој почина во 2022 година, за прв пат било организирано во 1992 година, во чест на Светскиот ден на театарот и се организирало се до 2006 година. По неговата смрт, неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ, по 17 години пауза повторно го враќаат на сцената, публиката и актерите.