Црна хроника
Косовец и скопјанец се уапсени во близина на граница – при претрес им биле најдени производи без документација

Денеска (25.04.2023) околу 07.00 часот на место викано „Дупки“ во близина на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ц.Р.(47) од Република Косово и Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско.
„При контрола во товарно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од Ц.Р., каде сопатник бил Ј.П., биле пронајдени повеќе производи без соодветна документација. Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.