Црна хроника
Моторциклист заврши во болница со тешки повреди, откако се судрија со „ауди“

На 24.04.2023 во 14.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.П.(36) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(48) од Струмица.
„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица“, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.