Свет
ОН: Нема интерес за сериозни преговори меѓу завојуваните страни во Судан
Нема знаци дека завојуваните страни во Судан се подготвени сериозно да преговараат за ставање крај на борбите, изјави претставникот на ОН во земјата за време на нестабилниот 72-часовен прекин на огнот во текот на кој беа пријавени вооружени судири на стратешки локации во Картум и на други места, пренесува „Ал џезира“.
На вчерашниот состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, претставникот на ОН во Судан, Волкер Пертес, изјави дека двете страни во конфликтот веруваат оти може да освојуваат победа.
„Сè уште нема недвосмислен знак дека едните и другите се подготвени сериозно да преговараат, што сугерира дека и двете страни мислат оти е можно да се извојува воена победа над другиот. Тоа е погрешна процена“, смета Пертес.
Тој се вклучил на состанокот преку видеолинк од Порт Судан, во источниот дел на земјата, каде што ОН и други организации преместија дел од својот персонал.
Коментирајќи го привременото и нестабилно примирје меѓу Вооружените сили на Судан (САФ) и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), кое стапи во сила во вторникот, Пертес рече дека иако засега тоа се одржува во некои делови, борбите во клучните области продолжиле.
Пертес исто така го осуди непочитувањето на законите и нормите на војната од страна на борците што го претворија Картум во воена зона оставајќи зад себе стотици мртви, илјадници ранети и уништена цивилна инфраструктура, вклучително и болници.
„Двете завојувани страни не ги почитуваат законите и нормите на војната напаѓајќи ги густо населените области без грижа за цивилите, болниците, па дури и за возилата за транспорт на ранетите и болните. Борбите создаваат хуманитарна катастрофа, а цивилите го носат најголемиот товар“, рече претставникот на ОН.
Станбените области во Картум се претворени во боишта, на кои нападите со огнено оружје и тенкови, воздушните напади и артилериското гранатирање убиле најмалку 459 луѓе, а повеќе од 4.000 се ранети.
Во прекин се струјата и водата, а има и ограничена дистрибуција на храна во земјата, во која една третина од 46 милиони жители се зависни од помошта во храна.
ОН планираат да основаат центар во Порт Судан за да продолжат да работат во земјата во која, дури и пред избувнувањето на конфликтот, речиси 16 милиони луѓе имаа потреба од хуманитарна помош.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги опиша насилството и хаосот во Судан како трагични.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

