Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Хирургот Османи свесно хируршки ја уништува македонската дипломатија

Свесното хируршко уништување на Македонската дипломатија од страна на хирургот Бујар Османи се докажа и по синоќешната владина одлука за назначување на нови амбасадори, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Изборот полош не може да биде, а поголем срам за тоа кој ќе ја претставува Македонија надвор од нејзините граници уште покатастрофален.
Предлог амбасадор за ДКП Лондон е Катерина Ставревска, до некогашен шеф на кабинет на Радмила Шекеринска. Вработените во МО сведочат за вршење на мобинг, а јавноста можеше со свои очи да види како Ставревска со својата шефица Шекеринска прават злоупотреба на државен хеликоптер за прошетка и дегустација на вина. И сето тоа врз грбот на граѓаните на Македонија!
Дали министерот кој ја донесе Македонија на работ на преживување како правната држава, Тупанчевски заминува за Белград затоа што не знае странски јазик?
1000 евра месечно од буџетот на македонските граѓани не му се доволни на сега веќе идниот Амбасадор кој “пополнува место по потреба” Андреј Жерновски, сега веќе назначен за амбасадор за Букурешт иако до пред месец дена беше предлог за Белград?!
Дали можеби тоа што Јакуп Реџепи, сега веќе предложен амбасадор на Македонија во Сараево, вујко на министерот за финансии, Фатмир Бесими е единствената причина за неговото назначување?
Дали Емил Крстевски или познат во јавноста како директор што од службен фб профил се заканува и вреѓа македонски граѓани, (Државен Архив ) е соодветно решение за амбасадор во Прага, дополнително само затоа што неговата сопруга Сања Зоографска- Крстевска е сеуште актуелен генерален конзул на Македонија во Мелбурн?
Скандал мајстарот Османи направи уште една хируршка хаварија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.