Македонија
Османи во Брисел: Свесен сум за стравовите на моите сограѓани, но ни претстои неповторлива шанса
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, во Брисел, се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET), на чија агенда беше пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ.
Османи рече дека за почетокот на пристапните преговори минатата година била потребна политичка храброст со цел остварување на нашата прва зацртана стратешка цел – членство во ЕУ, во интерес на нашите граѓани.
„Потполно сум свесен за дилемите и стравовите на моите сограѓани дома. Ги почитувам и постојано се трудам аргументирано да дебатирам. Ни претстои неповторлива шанса конечно да отскокнеме и да ги зацврстиме нашата самодоверба, почитувањето и заедничката мисија. Таа во моментот, поради демократски зовриената размена, не се препознава добро, но набргу ќе се соочиме, секој на свој начин, со сопствената одговорност. Напред кон Европа со повеќе интеграција на патот до полноправно членство или назад повторно кон поделби и залудно изгубено време“, порача Османи.
Министерот ги информира европратениците, членови на Комисијата, за успешниот тек на скрининг-процесот на европското законодавство реафирмирајќи ја нашата посветеност кон зајакнување на функционирањето на демократските институции и на владеењето на правото како области од клучно значење за натамошниот тек на преговорите.
„Подготвени сме за постигнување консензус меѓу политичките партии за клучните области од реформите и европската агенда и за зајакнување на соработката со Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции како форуми за водење на конструктивна дебата за ЕУ-реформите и пристапните преговори“, истакна Османи.
Гласањето на нацрт-резолуцијата за Северна Македонија за 2022 година во Комисијата е предвидено за крајот на мај, а усвојувањето на пленарна седница на Европскиот парламент се очекува кон средината на јуни 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

