Црна хроника
Тешко повредена велосипедистка од Гевгелија, ја удрил автомобил

Жена од Гевгелија доби тешки телесни повреди кога во неа вчера удрил автомобил на улицата Ванчо Прќе.
„’Фолксваген лупо’, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н. А. (20) од Гевгелија, удрило во велосипед управуван од Т. А. (54) од Гевгелија. Во несреќата тешки телесни повреди добила велосипедистката, констатирани во Медицински центар во Гевгелија“, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Управувал мопед под дејство на алкохол: уапсен кумановец

Утрово во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, кумановско.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „кимко“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Претрес во Штип, приведен дилер, пронајдена дрога

Вчера во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 44-годишниот Ф.С. од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Уапсен 26-годишник од Охридско: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Б. од село Косел, охридско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.