Свет
Русија воведе доживотна казна затвор за предавство

Државната дума на Руската Федерација вчера ги одобри измените на Кривичниот законик според кои Русите обвинети за предавство може да бидат осудени на доживотен затвор, пренесува РТ.
Според измените во законот усвоени од Советот на Федерацијата – горниот дом на парламентот – се воведува доживотен затвор за предавство за кое досега беше предвидена затворска казна од 12 до 20 години и глоба до 500.000 рубли (6.100 долари).
Со новите амандмани на законот исто така се зголемува максималната казна за терористички напади и саботажи во случаи кога делата не резултираат со смртни последици од 15 на 20 години. Зголемена е и минималната казна за регрутирање во терористички активности од 5 на 7 години и од 10 на 12 години за помагање терористи.
Новиот закон предвидува зголемување на казната за членување во терористичка група од сегашните 5-10 години на 10-15 години затвор.
Амандманите на законот ќе стапат во сила откога ќе бидат одобрени и потпишани од рускиот претседател Владимир Путин,
Членот 275 од рускиот Кривичен законик го дефинира предавството како „шпионажа, оддавање државни тајни на странски земји и субјекти, пребегнување кај непријателот“, како и „помагање странска земја, меѓународна или странска организација или нивни претставници чии дејства се насочени против безбедноста на Руската Федерација“.
Претседателот на Комитетот за безбедност на Државната дума, Василиј Пискариов, истакна претходно овој месец дека промената во законот ќе овозможи прекршителите да бидат испраќани во затвори со максимална безбедност и значително ќе ја зголеми границата за условно ослободување.
„Одржувањето на безбедноста на Русија е наш најголем приоритет“, напиша Пискариов на „Телеграм“, кој е пратеник од владејачката Единствена Русија.
Русија воведе построги казни за неколку прекршоци откако Москва ја почна својата воена операција во Украина во февруари 2022 година. Минатата година зголемени беа максималните казни за дезертерство, грабеж и за непочитување на наредбите на припадниците на војската.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали е тигар од хартија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во еден од неговите разговори со рускиот претседател Владимир Путин отворено ја довел во прашање моќта на Русија, велејќи му дека изгледа како „хартиен тигар“.
Обраќајќи се вчера кон американските генерали, Трамп повторно изрази разочарување од рускиот лидер за тоа што, како што рече, брзо не ја завршил војната во Украина.
„Му реков: ‘Знаеш, не изгледаш добро. Четири години водиш војна што требаше да трае една недела. Дали си тигар од хартија?’“, рече Трамп.
На 23 септември, Трамп јавно ја спореди Русија со „тигар од хартија“, велејќи дека земјата води војна повеќе од три години без никаква цел. Според него, вистинска воена сила во таква ситуација би победила во рок од една недела.
Претседателот на САД, исто така, нагласи дека Украина може целосно да го врати својот територијален интегритет бидејќи Русија се соочува со сериозни економски проблеми.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше на изјавите на Трамп, велејќи дека Русија почесто се поврзува со мечка отколку со тигар. „Нема мечка од хартија“, рече Песков.
фото: принтскрин
Свет
Германија го запре, а потоа повторно го одобри извозот на оружје во Израел

Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од најмалку 2,46 милиони евра откако беше воведена делумната забрана за извоз, покажува одговорот на Федералното министерство за економија на парламентарната истрага на Левичарската партија. Пратките вклучуваат „друга воена роба“ и не вклучуваат воено наоружување, соопшти министерството.
Канцеларот Фридрих Мерц на 8 август нареди привремено запирање на извозот на воена опрема што може да се користи во конфликтот во Газа. Овој потег беше одговор на сè поагресивните воени дејствија на Израел и означи промена во германската политика кон земјата. Пред тоа, Берлин постепено ги засили критиките кон владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, но се воздржа од санкции.
Не беа издадени дозволи за извоз во првите пет недели по забраната. Сегашните дозволи, кои го опфаќаат периодот до 22 септември, покажуваат дека пратки во вредност од 2,46 милиони евра се извршени помеѓу 13 и 22 септември. За споредба, од 1 јануари до 8 август 2024 година, дозволите за извоз за Израел изнесуваа вкупно околу 250 милиони евра.
Точната природа на стоката останува нејасна. Во одговорот на министерството се наведени осум категории, вклучувајќи ракети, торпеда, воени бродови и поморска опрема. Но, бидејќи извозот не е класифициран како оружје за војна, а вкупната вредност е релативно мала, пратките веројатно вклучуваат прибор или опрема.
Делумното запирање предизвика критики во Израел. Нетанјаху ја обвини Германија дека ја наградува палестинската милитантна група Хамас за тероризам, изразувајќи го своето разочарување директно до Мерц.
фото: принтскрин
Европа
Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго е повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и пукотници. На местото на настанот биле распоредени специјални сили и одреди за деактивирање бомби, а бил видлив и густ облак од чад, објавува „Билд“.
За време на интервенцијата, пронајдено е тело на маж, а според неофицијални информации, се сомнева дека тој поставил експлозивни направи во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.
Die Toni-Pfülf-Schule bleibt für die Dauer des Einsatzes geschlossen. https://t.co/qpYQtATM4O
— Polizei München (@PolizeiMuenchen) October 1, 2025
Дополнително, пронајдено е уште најмалку едно лице со прострелни рани. На местото на настанот бил видлив целосно изгорен автобус.
Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, а полицијата го оградила поширокото подрачје. Властите апелирале до граѓаните и учесниците во сообраќајот да го избегнуваат тој дел од градот.
фото: принтскрин