Вести
(Видео) Објавена снимка од убиството на хрватскиот криминалец Сабљо кој делуваше на Балканот
Снимка од надзорните камери во клубот „Риц“ покажуваат дел од моментот кога е убиен познатиот хрватски криминалец Томислав Сабљо, кој оперираше и на Балканот. На видеото се гледа турканица, посегнување по оружје, а потоа и пукање. Два завршија во неговиот грб, а тој паднал на подот.
На социјалните мрежи е објавена снимката од убиството на познатиот хрватски криминалец Томислав Сабљо (41) во ноќниот клуб „Риц“. Сабљо беше убиен во саботата во 4 часот и 40 минути по судир со обезбедувањето, а досега се уапсени двајца осомничени. За убиството е осомничен Кристијан Кнего, шеф на обезбедувањето на клубот, а уапсен е и Доријан Мраковиќ (26), суспендиран загрепски полицаец, кој му го дал пиштолот од кој обезбедувачот пукал кобната вечер.
Се појавија нови детали од убиството на Томислав Сабљо.
„Вчера чистевме цел ден, а и денес чистиме за сè да се стави во ред. Клучното место на злосторството се случило на шанкот, кој се наоѓа лево од влезот во главниот дел на клубот, во кој се влегува од фоајето. Сепарињата каде што беше Сабљо со своето друштво се на крајот од клубот спроти влезот. На неколку високи шанк-маси и столови сè уште се гледа дамка од крв, раскажува жената што во моментот на убиството била во клубот, но во друга просторија. Таа вели дека не ги слушнала смртоносните истрели, кои биле испукани недалеку од шанкот поради бучавата од силниот звучник“, пишува „Слободна Далмација“.
Полицијата опиша како е убиен. Убиството на Сабљо предизвика страв во криминалните кругови во Хрватска. Убиениот криминалец Сабљо бил суров кон луѓето, но ослободил кокошки од живинарска фарма
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.