Свет
ОН побара од талибанците итно да ги поништат ограничувањата за авганистанските жени
Советот за безбедност (СБ) на ОН во четвртокот едногласно усвои резолуција со која бара талибанците итно да ги поништат сите ограничувања што ги кршат правата на жените и девојките во Авганистан, пренесува „Гласот на Америка“.
На почетокот на април талибанците им забранија на авганистанските жени да работат во канцелариите на ОН во целата земја. Од ОН предупредија дека забраната може да ги парализира очајно потребните испораки на помош и може да ги принуди ОН да ја напуштат земјата.
Коспонзорирана од 90 држави, резолуцијата – поднесена од ОАЕ и Јапонија – со која се осудува забраната, вели дека ограничувањата ги поткопуваат човековите права и хуманитарните принципи и ги повикува сите земји членки на ОН да го искористат своето влијание за итно да поттикнат пресврт во политиките и практиките на талибанците кон жените и девојчињата.
„Светот нема мирно да гледа додека во Авганистан ги бришат жените од општеството. Со оваа резолуција СБ изразува недвосмислена осуда и испраќа јасен повик за итно отфрлање не само на оваа последна забрана туку и на другите што ги ограничуваат правата на жените и девојките во Авганистан“, истакна амбасадорката на ОАЕ во ОН, Лана Нусејбе.
Џојс Букуру, висок претставник на „Амнести интернешнл“, истакна дека резолуцијата мора да биде проследена со максимален меѓународен притисок што испраќа јасна порака до талибанците дека правата на жените и девојките не се предмет на преговори – тие се универзални и неотуѓиви.
Заменик-амбасадорот на САД во ОН, Роберт Вуд, ги пофали земјите со мнозинско муслиманско население кои се изјасниле против одлуката на талибанците да им забранат на жените да се образоваат, да работат во невладини организации, ОН и во речиси секој сектор од економијата.
Иако Русија гласаше за резолуцијата, амбасадорот Василиј Небензја изрази разочарување што неговите колеги од Западот ги блокирале поамбициозниот пристап и текстовите и исто така повика да ѝ се вратат на авганистанската Централна банка 7 милијарди долари што САД ги замрзнаа без никакви предуслови по преземањето на власта од талибанците.
САД лани создадоа авганистански фонд со швајцарските банки за да распределат половина од таа сума како помош за Кабул, но во очекување гаранции од талибанците дека централната банка е независна од групата, сè уште не е исплатена никаква помош од фондот.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, в понеделник ќе биде домаќин на дводневен меѓународен состанок во Катар со амбасадорите во Авганистан во обид да најдат трајно решение за напредок во земјата разурната од војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

