Забава
Џејмс Корден се одјави од „Лејт лејт шоу“ со порака за Америка

Џејмс Корден се одјави од своето ток-шоу, што се емитуваше доцна навечер осум години, во последната емисија се појавија Хари Стајлс и Вил Ферел, а претседателот Џо Бајден испрати видео.
Ферел и Стајлс му го искршија бирото на водителот на Late Late Show, а Бајден испрати видео шегувајќи се дека е изненаден што издржал осум години на која било работа.
Прошталната емисија на британскиот водител имаше малку хумор и искрена порака.
Одјавувајќи се, тој ги повика американските гледачи да не попуштаат пред луѓето што се обидуваат да поттикнат разлики во земјата.
„Преселувањето овде во Америка пред осум години беше огромен скок за мене и моето семејство“, рече тој. „Мојот син имаше три години, ќерката 12 недели и сега имаме уште едно мало лице, а таа е Американка.
„Го почнавме ова шоу со Обама, потоа Трамп, се случи глобална пандемија, и гледав како Америка многу се менува во последните осум години. Гледав како растат поделбите и видов и почувствував како расте негативноста, на моменти дури и врие.
„И претпоставувам дека сè што навистина сакам да кажам вечерва е: ве молам да се сетите што значи Америка за остатокот од светот“.
„Целиот мој живот оваа земја отсекогаш била место на оптимизам и радост и, да, има недостатоци – толку многу. Но, покажете ми земја што ги нема“.
„Само затоа што некој не се согласува со вас, тоа не го прави лош или злобен. Сите ние сме повеќе исти отколку што се разликуваме, а толку многу луѓе се обидуваат да ги поттикнат тие разлики, но ние треба да се трудиме најдобро што можеме да ја бараме светлината, да ја бараме радоста, затоа што таа е таму надвор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најлоша комбинација: овие хороскопски парови постојано се караат

Додека некои хороскопски парови природно се согласуваат и совршено се надополнуваат, други се чини дека се родени за да се излудат еден со друг.
Нивните расправии не се секогаш лоши, понекогаш ги држи тој „оган“, но нема сомнеж дека меѓу нив постојано летаат искри, но не од романтичниот вид.
Еве три хороскопски парови кои често се наоѓаат во вербални пресметки, без разлика колку се сакаат.
Овен и Рак
Овенот сака акција, брзина и доминација, додека Ракот е чувствителен, емотивен и повлечен. Овие два знака често не успеваат да најдат заеднички јазик.
Додека Овенот брза напред, Ракот бара разбирање и сигурност. Овенот не ги разбира емотивните фази на Ракот, а на Ракот му пречи тоа што Овенот го турка надвор од неговите граници.
Близнаци и Шкорпија
Близнаците се друштвени, зборливи и љубопитни, додека Шкорпијата бара длабочина, лојалност и емоционална поврзаност. Шкорпијата брзо може да стане љубоморна на потребата на Близнаците за флерт и слобода.
Тешко се справуваат со интензивната контрола и драматичните испади на Шкрорпија. Нивната врска често резултира со љубоморни сцени и саркастични расправии.
Лав и Јарец
Лавот бара внимание, признание и сака да биде во центарот на вниманието, додека Јарецот е сериозен, практичен и ориентиран кон целта. Во очите на Јарецот, Лавот изгледа како расипан егоцентрик, додека Јарецот на Лавот му изгледа ладен.
Нивните разлики во приоритетите и начинот на живот често доведуваат до расправии и критики.
Забава
По разводот изгледа подобро од било кога: холивудската убавица привлекува внимание во бикини

Џесика Алба по разводот изгледа подобро од кога било и ужива во секој ден, што го покажува на социјалните мрежи.
Холивудската убавица Џесика Алба неодамна стави крај на долгогодишниот брак со Кеш Ворен и оттогаш привлекува внимание на секој чекор.
Познатата актерка помина многу време на плажа, од каде објави бројни фотографии. Нејзиното друштво главно беа пријатели и нејзините деца, но сепак најголемо внимание привлече нејзиното згодно тело.
Се чини дека по разводот Џесика не облекла ништо освен бикини.
Сега таа сподели неколку фотографии од претходниот одмор на кои позира во минијатурни бели бикини и дефинитивно изгледа подобро од било кога.
„Ментално сè уште тука“, напиша таа во описот на објавата.
Забава
Џенифер Лопез може да биде вовлечена на судењето на Диди, се отвора стар случај

Пејачката Џенифер Лопез би можела индиректно да биде вмешана во претстојниот судски процес против музичкиот магнат Шон Диди Комбс, кој беше уапсен во септември минатата година. Комбс моментално се соочува со сериозни обвиненија кои вклучуваат рекетирање, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и прекршоци поврзани со проституција.
Обвинителите, исто така, сакаат да вклучат докази од пукањето во 1999 година што се случи во ноќен клуб, во кој Комбс, наводно, бил учесник. Џенифер Лопез во тој момент била присутна на местото на настанот. По инцидентот во кој беа повредени три лица, Лопез и Диди го напуштија клубот и беа запрени од полицијата по бркотница низ Менхетен. Во нивното возило потоа бил пронајден украден пиштол.
И двајцата беа уапсени, но Лопез не беше обвинета за никакво кривично дело, додека обвиненијата против Комбс подоцна беа отфрлени. Неговата одбрана тврдеше дека сведочењето на клучниот сведок е „очигледно неверојатно“, бидејќи тој наводно рекол дека Диди се обидел да го поткупи.
Сега адвокатите на Комбс бараат инцидентот од 1999 година да биде исфрлен од судската постапка, според Дејли мејл. Тие, исто така, се обидуваат да спречат видео од 2016 година на кое се прикажува физички напад врз неговата поранешна девојка Каси Вентура да биде искористена како доказ. Видеото беше објавено во мај 2024 година на Си-ен-ен, а Комбс јавно се извини по објавувањето и рече дека „ја презема целосната одговорност“. Набргу потоа бил уапсен.
Адвокатите тврдат дека никој не може да ја потврди автентичноста на видеото и дека снимката е „целосно неточна, изменета, манипулирана, забрзана и монтирана“. Наводно, Си-ен-ен ја поседува единствената достапна копија бидејќи оригиналот е избришан. Во одбраната беше вклучен и форензичарот Конор Мекорт, кој сведочеше под заклетва дека видеото е значително забрзано и содржело „големо количество на изобличување“, при што не се исклучува можноста материјалот да е монтиран.
Покрај тоа, тимот на Комбс сака да го исфрли сведочењето на трето лице кое го обвинува, познато како Жртва 3. Тие тврдат дека тие наводи немаат директна врска со злосторствата за кои тој се товари и дека нивното презентирање пред поротата би било „неправедно штетно“. Обвинителите, пак, посочуваат дека оваа информација го одразува „влијанието и контролата“ што Комбс го имал врз жртвата.
Џеј Ло може да биде вклучена
Одбраната исто така тврди дека таквите докази би можеле емотивно да влијаат на членовите на поротата, но не наведува конкретни причини.
Иако претходно побара судењето да се одржи што е можно поскоро, Диди сега побара одложување од два месеци за да му даде доволно време да ја подготви одбраната. Тоа се однесува на третото, изменето обвинение што обвинителите го поднесоа на почетокот на април, тврдејќи дека вклучува „значително ново однесување“. Обвинителите го оспоруваат тоа тврдење.
Воведувањето на настанот од 1999 година како дел од доказите може да значи и дека Џенифер Лопез повторно ќе се најде во центарот на медиумското внимание, иако не се споменува како осомничена или сведок.